Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Во Шведска се гради нов хотел од мраз кој до април ќе се стопи

Во Шведска се гради нов хотел од мраз кој до април ќе се стопи

16.12.2012

Швеѓаните и оваа зима исто како минатите 23, градат голем хотел од мраз во покраината Лапланд. Мразот се откршува од замрзнатата река Торн, се сече во форма на блокови и се транспортира до локацијата каде се гради хотелот. Оваа година во дизајнот на ентериерот е вложено дури 750.000 долари, а парадоксот е во тоа што целата структура ќе се стопи во почетокот на пролетта, односно ќе функционира само околу 3 месеци. Всушност, постоењето на хотелот е целосно зависно од временските прилики, посебно од осончувањето и температурата. За изработка на хотелот, оваа година се користени блокови мраз тешки по 2 тони. Истите кога почнува да се топи мразот односно хотелот, се враќаат во реката. Без оглед на тоа што целата конструкција на крај ќе почне да се топи, работниците на ниски температури деноноќно работат за навремено да ги завршат 65-те соби, лоби барот, рецепцијата, ресторанот, ледениот бар и капелата. Меѓународниот тим уметници избра 16 апартмани за декорација, а дизајнот ќе остане тајна до отварање на хотелот „Јукасјарви“. Што се однесува на цените на сместувањето (собите) во хотелот, тие се доста високи и во зависност од луксузноста изнесуваат од 330 до 1000 долари. Само прошетката низ хотелот е 50 долари. Без оглед на високите цени, местата се резервирани неколку месеци однапред, а посетители доаѓаат од целиот свет.

Извор: http://www.b92.net/putovanja

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*