Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Први ноќни фотографии од површината на Марс

Први ноќни фотографии од површината на Марс

29.01.2013

По нешто помалку од шестмесечна мисија, НАСА објави ноќни фотографии од Марс кои ги направи роверот Кјуриозити. Ова се први фотографии од Марс „во мрак” откако на почетокот на август роверот Кјуриозити слета на Марс. Според кажувањата на стручњаците на НАСА, фотографиите се направени благодарение на лед-ламби и камери кои се наоѓаат на роботската механичка рака долга два метри. На фотографиите се гледа камен кој научниците го нарекоа “Сажунеи” лоциран на местото каде што роверот требало да почне со бушење на површината на Марс. Каменот е осветлен со бела лед ламба и специјална камера. „Целта на наблудувањето на објектот со ултравиолетово светло е да ги бараме флуросцентните минерали” вели Кен Ежет, од центарот за проучување на податоци во Сан Диего.

Изработиле: Славица Тенекиџиева и Тодорче Тановски

 

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*