Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Откриен мегаконтинентот Гондвана

Откриен мегаконтинентот Гондвана

Превземено од ИДИВИДИ

Австралиските научници соопштија дека пронашле делови од мегаконтинентот Гондвана во Индискиот океан. Овие делови би можеле да понудат одговори на некои прашањата, како на пример: Како е создадена планетата Земја?

Двата дела се пронајдени во меѓународните води, 1.600 километри од Австралија. Деловите содржат фосили на организми кои живееле во плитките води, што значи дека деловите своевремено биле над водената површина.
На почеток, се верувало дека остатоците се создадени од подводни вулкански активности, но геолозите од Универзитетот во Сиднеј докажаа дека тие се остатоци од копно.

Имаме теорија за тоа каде се наоѓале континентите, но сè уште не сме сигурни. Источниот дел на океанот, во однос на тектонските истражувања е најнеистражениот дел на Планетата, изјави предводникот на истражувачкиот тим, геофизичарката Џо Витакар.
Витакар додала дека прво биле заинтересирани за тектонските плочи кои биле во спротивен правец од оние на кои подоцна пронашле траги од мегаконтинентот. Истражувачите веруваат дека Гондвана се распаднал на денешна Австралија, Антарктик и Индија пред 80 до 130 милиони години.

Исто така, Витакар додава дека ова е неверојатно и оти вакви откритија не се случуваат често, пред се затоа што ова откритие може да го смени начинот на кој сме размислувале.
Откритието ќе помогне да се расветли настанокот на некои од сегашните најголеми плочи. Примероците ќе бидат споредени со примероците земја земени од западниот брег на Австралија, за да се одреди точно каде се расцепил мегаконтинентот.

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: ,

Leave a Reply

*