Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема » Momondo.com, одличен интернет пребарувач на авионски летови и хотели

Momondo.com, одличен интернет пребарувач на авионски летови и хотели

21.05.2013

Momondo.com е туристички интернет пребарувач кој на туристите им овозможува планирање на своето патување ширум светот, споредба на цени на летови, хотели, ресторани, одморалишта и др. Овој пребарувач генерира резултати од авио компании и страници од туристички агенции и истовремено дава преглед на најдобрите понуди. Momondo не продава билети, туку ги издвојува најдобрите достапни цени за наведените туристички услуги, по што заинтересираните туристи ги пренасочува кон соодветните давачи на услуги (авионски компании, хотели, агенции и сл.). Во прилог на понудата за летовите, хотелите и патувањата, страницата нуди туристички водичи како и инспиративни патувачки содржини. Преку поддршката од HotelsCombined, пребарувачот на хотели вграден во momondo.com им нуди на посетителите споредување на цените на повеќе од 400 илјади хотели ширум светот.
Momondo е основан во септември 2006 година во Данска и тоа прво како пребарувач на авионски летови. Поради напредната технологија на пребарување, интересот за Momondo брзо се зголемува на глобално ниво. Затоа, страницата започнува да нуди и други туристички услуги: резервации на хотели, рента-кар, туристички совети и препораки и друго. Веб-страницата поддржува повеќе јазици, вклучувајќи германски (Momondo.de), француски, италијански, шпански, чешки, португалски, шведски, норвешки, дански, турски, руски и холандски јазик. Во април 2011 година Momondo и нејзината матична компанија Skygate е купена од страна на Британско-Американска патничко-пребарувачка компанија Cheapflights (сега momondo група).
Страната momondo.com овозможува пребарување на повеќе од 700 туристички веб страници. Со користењето на оваа веб страница можете да го испланирате вашето патување во која било земја од светот. Некои од позначајните нејзини функции се :

  • Можност за резеривирање и споредување на ефтини летови (во една насока, повратни и летови во повеќе насоки), главно преку врска кон eDreams порталот,
  • Можност за резервирање на хотели на повеќе од 120 илјади дестинации ширум светот,
  • Можност за изнајмување на автомобили,
  • Можност за резервирање на апартмани и викендички,
  • Можност за споредување на цени од повеќе илјади изнајмувачки страни и приватни сопственици,
  • Можност за преглед на најомилените места ширум светот.

Momondo ви овозможува да ја најдете најниската цена на сместување или авионски билет. Доколку најдете пониска цена неколку дена по резервацијата, може да се обратите на momondo.com, а тие ќе ви помогнат да ја смените со веќе резервираната и ќе ви го вратат остатокот од парите. Веб страницата нуди регистрирање и можност да си направите ваш профил, со цел да комуницрате со веќе регистираните корисници. Оваа страница со помош на современата технологија претставува значително олеснување за сите вас коишто сакате сами да си го испланирате патувањето и да го изберете најдоброто и најпристапното за вас.
Значајно е да се напомене дека страницата momondo има добра поддршка за резервација на авионски летови од и до Македонија (кон двата аеродроми), како и листа на над 250 хотели и други сместувачки капацитети кои можат да се резервираат во нашата земја или било каде низ светот (главно преку врска кон порталот Booking.com). Резервациите се вршат со важечки меѓународни платежни картички (VISA, Master, Diners) и обично сумата не се наплаќа додека не се оствари услугата.

Извор: www.momondo.com, www.wikipedia.org

Автори: Милена Милошевиќ и д-р Ивица Милевски, Институт за Географија, Скопје

Објавено од:

Од категорија: На тема

Leave a Reply

*