Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Откриени три нови супер – Земји

Откриени три нови супер – Земји

26.06.2013

Научниците открија три нови планети околу ѕвездата за која се верува дека може да биде домаќин на три света. Тоа значи дека ѕвездата „Gliese 667C“ која е релативно блиску до Земјата, има три супер – Земји кои орбитираат во нејзината потенцијална зона на живот. Се работи за простор каде температурата овозможува постоење на течна вода, иако никој со сигурност не може да потврди какви се условите на овие планети. Инаку, ѕвездата „Gliase 667C„ е оддалечена од Земјата 22 светлосни години. Раното проучување на оваа ѕвезда утврдило дека околу неа постојат три планети, додека во нејзината „населива зона„ се наоѓа една супер – Земја, објект малку поголем од нашата планета, но најверојатно со камена површина. „Gliase 667C“  e џуџеста ѕвезда од спектрален тип М со маса речиси една третина од масата на Сонцето, додека откриените планети имаат маса која е приближно 2.7 и 3.8 пати поголема од масата на Земјата. Периодот на орбитирање на овие планети изнесува 28, 39 и 62 дена, а нивната температура на површината би овозможила постоење на вода во течна состојба поради слабиот сјај и малата маса на ѕвездата. Планетите би требало да имаат атмосфера како би ја задржале течната вода на површината. Меѓутоа при оддалеченост од 200 трилиони км од Земјата не постои сигурен начин да се утврдат точните услови, ниту пак дали пости зивот на нив. Научниците сепак веруваат дека овие три планети се добри кандидати на кои треба да се бараат потенцијално населиви светови. Досега се откриени три егзопланети за кои астрономите потврдиле дека ги исполнуваат условите за живот. Тоа се “Gliese 581d” која е откреина од страна на француските астрономи во мај оваа година, “HD 85512d” за која швајцарските астрономи во август минатата година утврдиле дека се наоѓа во зона погодна за живот и “Kepler 22b” која во почетокот на декември 2011 година ја открил американскиот вселенски телескоп Кеплер.

Подготвила: Стефани Стојановиќ

Оваа статија е прочитана 3891 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger