Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Денес Земјата е најблиску до Сонцето за 2014 година!

Денес Земјата е најблиску до Сонцето за 2014 година!

4.01.2014

Денес, 4 јануари 2014 година, околу 13 часот, планетата Земја се наоѓа најблиску до Сонцето за 2014 година, во положба позната како перихел. Во тој момент, нивното взаемно растојание ќе изнесува околу 147 милиони км (0,98 AU), што е околу 2,5 милиони км помалку од просечната вредност, односно околу 5 милиони км помалку од максималното растојание (152 милиони км) познато како афел. Поради близината до Сонцето, во месецот јануари Земјата се движи околу 1 км/сек побрзо (30,3 км/сек) по својата патека отколку во јули, што е причина и за малку пократко траење на годишните времиња (зима на северната, а лето на јужната полутопка) во овој период. Иако би требало да се очекува помалото растојание да резултира со потопли јануарско-февруарски лета на јужната полутопка, тоа не е така заради многу понерамномерниот распоред на водата и копното. Сепак, има еден друг многу значаен ефект, а тоа е што количеството на УВ и други зрачења од Сонцето во овој период е поголемо за околу 7%. Тоа зголемување е доволно да предизвика значајни ефекти врз испарувањето на водата во Светскиот океан, влијаејќи врз глобалниот и регионалниот распоред на врнежи. Поради оштетувањето на озонските слоеви, перихелната положба во последно време понеповолно се одразува врз живите организми и човекот, главно преку намалување на имунолошкиот одговор или преку оштетување на кожата и очите. Затоа, без оглед што е зима, треба да се внимава на изложеноста на директното сончево зрачење, особено на повисоките планини!

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 5389 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger