Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема » Ви претставуваме неколку интересни ГИС-апликации за MacOS оперативниот систем

Ви претставуваме неколку интересни ГИС-апликации за MacOS оперативниот систем

21.02.2014

За оние кои го користат оперативниот систем Mac OS на Apple, интересно е да се споменат неколку корисни програми и графички апликации од полето на географските информациски системи. Оваа група на софтвер опфаќа продукти во кои спаѓаат: HourWorld, iGPS, iMAP, MacGIS, MacGPS Pro, Carthographia, Geocart, Hipparchus, LandSerf, MacMap, Geo3D X, ArcExplorer и многу други слични апликации и програми.

HourWorld е графичка апликација која може да го одреди локалното време во било кој дел од светот. Исто така оваа апликација го покажува времето на изгревање и заоѓање на Сонцето и Месечината, надворешните светлински услови и слично. HourWorld се карактеризира со можност да одреди координати на телефонски повик и можност за добивање на податоци од GPS преку GPSy. Оваа апликација исто така има можност за прикажување на сателитски слики или политички карти на светот поделени на временски зони и слично.

 iGPS апликацијата е главно наменета за Garming GPS уредите, меѓутоа истата овозможува конвертирање на податоци од разни GPS уреди за користење во навигациски софтвери. iGPS е најпогодна за поморска навигација, но исто така се користи и за авио-навигација и за сите останати навигациски апликации кои се користат во професионалните GPS уреди.

iMap е програма дизајнирана за картирање на голем број на висински и должински податоци. Истата работи со различни видови на слики од карти (TIFF, JPEG, PICT, GIF или PNG), а содржи и неколку карти. Повеќе карти можат да се преземат од интернет или други GIS софтверски пакети или пак да се скенираат. iMap може да ги искористи сите симболи и знаци од било кој фонт инсталиран на системот. Исто така оваа програма има можност за креирање на QuickTime филм со делови од картите кој би послужил на пример за следење на вегетацијата на одреден предел и слично. Изработените карти и слики од iMap можат да се принтаат во висока резолуција и да се искористат во разни презентации, филмови,web-страници и слично. Истите можат да бидат во вид на BMP, PICT, Photoshop, JPEG, PNG, SGI, TGA, TIFF и QuickTime фајлови.

MacGIS е производ на универзитетот од Орегон и служи за насочување на сите чекори во креирање и искористување на растерски географско информатички системи преку скенирање на картите и нивно дигитализирање.

MacGPS Pro софтверот конвертира податоци од повеќето GPS ресивери и истите можат да се користат на Mac OS X верзија 10.2 или понови. MacGPS Pro има можност да работи со Garmin и Magellan ресиверите за трансофрмација на Waypoint рути.

Carthographia софтверот има широка можност за внесување на податоци кои би се претвориле во карта. Податоците можат да бидат во вид на геореференцирани растерски податоци како на пример ортофото или сателитски снимки, потоа векторски податоци па дури и CSV текстови. Истите се филтрираат преку опцијата Search Box.

GeoCart овозможува дизајнирање на карти од било кој дел на светот кои би се користеле како карти за комерцијални атласи или пак за карти за одредување на локации. Во овој софтвер се вклучени и картографските проекции со можност за ре-центрирање на истите. Исто така GeoCart паќетот содржи податоци за водните површини, бреговите, интернационалните граници како и провинциските граници со што овој паќет е прикладен за регионални карти.

Hipparchus софтверот го добил името по грчкиот астроном и основоположник на тригонометријата Хипарх. Hipparchus работи врз основа на модерна векторска алгебра при што овозможува брзина, прецизност и флексибилност во работата на корисниците. Истата овозможува моделирање и манипулација со нула, едно и дво-димензионалните објекти со што се постигнува елипсоидно моделирање на точки, линии и површини.

LandSerf е GIS софтвер особенот погоден за визуелизација и анализа на површини. Во паќетот се вклучени: визуелизација на површините, геоморфолошки анализи, конвертирање на GIS фајлови, археолошко картирање и анализирање, површинско моделирање и слично.

Извори:

Автор: Тодороски Мартин

Објавено од:

Од категорија: На тема

Leave a Reply

*