Моминската кула на Босфор

16.01.2015

Моминската кула (турски, Kız Kulesi), која често ја гледаме на турските серии, се наоѓа во Истанбул на гребенот во близина на местото Ускудар, каде што се спојуваат Босфор и Мраморното Море и длабоко е поврзана со митологијата. Островот на кој што се наоѓа Моминската кула е со димензии: запад – исток 50 метри, а север – југ 40 метри, односно со површина од околу 2000 м кв.

Постојат многу легенди за изградбата на кулата. Едно од најстарите имиња на кулата е кулата на Леандар. Ова име доаѓа од старогрчката легенда за Херо и Леандар. Херо била калугерка на Афродита, која живеела во една кула во древниот град Систос на крајот од Дарданелите. Леандар бил младо момче од Абидос, кој живеел од другата страна на протокот. Тој ја засакал на неа и секоја ноќ пливал до кулата за да бидат заедно. Секоја ноќ, Херо го палела светилникот за да може нејзиниот сакан да се ориентира каде се наоѓа кулата. Ова се повторувало секоја ноќ во текот на целото топло лето. Но во една студена ладна зимска вечер, брановите не му дозволувале на Леандар да стигне до кулата, а силниот ветар го изгаснал оганот од светилникот. Леандар се изгубил во морето и се удавил. Поради големата тага, Херо не издржала и се фрлила во морето и таа се удавила. Една од најпознатите легенди за кулата е онаа за царската ќерка. Еден од поданиците на византискиот цар му рекол дека неговата единствена ќерка ќе биде каснета од една змија и дека ќе почине пред да наполни осумнаесет години. Кога тоа го слушнал, царот наредил да се направи мал замок на гребените на кој ќе ја чува својата ќерка, ама еден ден змијата која се криела во корпата со грозје, излегла и ја каснала девојката и таа умрела. По оваа тажна легенда кулата го носи денешното име – Моминска кула.

Оваа градба на гребените за прв пат се споменува во 12-ти век, Цар Мануел Комнен (1143-1180) овде ја изградил кулата поради одбрана. Исто така се гледа и на некои минијатури кои се направени во отоманскиот период, оваа кула била оштетена во земјотресот 1509 година, во 1721 година изгорела во пожар, а новата 18 метри висока кула подигната е во 1763 година, се претпоставува во отоманскиот и визнатискиот период оваа кула била искористена за запирање на бродови на Босфор и вршење на царинска контрола. Во 1999 година, направени се потребните поправки со кои кулата стана достапна за посетители. Во внатрешноста на кулата има ресторан, кафетерија, бар, видиковец и продавница за сувенири, а до кулата може да стигните со многубројните мали бродови кои тргнуваат од различни места во градот. Исто така кулата е доста позната и во филмскиот свет. Така,се појави во филмот на Џејмс Бонд The World Is Not Enough, а беше и во позадина на филмот From Russia with Love исто така на Џејмс Бонд во 1963 година. Исто така, беше снимена и во филмот Hitman, а се појави и во American reality game show. Доста често се појавува и во турските серии и драми на Kurtlar Vadisi. Кулата беше прикажена и во играта Assassin’s Creed.
Извори:
1. Erdem Yucel (2012) – Istanbul
2. http://mk.wikipedia.org/wiki/Кула_Киз
3. http://www.discoverserbia.org/sr/turska-letovanje-putovanja/istanbul-putovanja-turska/devojacka-kula-u-istanbulu
4. http://wol.jw.org/en/wol/d/r19/lp-c/102003168
5. http://kizkulesii.blogspot.com/

Изработиле: Славица Тенекиџиева и Тоше Тановски

Оваа статија е прочитана 6532 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published.