Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Чудесна Македонија » Винскиот туризам во Општина Неготино

Винскиот туризам во Општина Неготино

26.01.2015

Според климатските карактеристики и класификација на ЕУ, Република Македонија се смета како III-C-b зона за одгледување винова лоза и ги усвои енолошките правила кои се однеусваат на оваа зона. Основна карактеристика на оваа зона е дека вината може да имаат ацидификација, но не да се збогатуваат, што кореспондира со законодавство и сегашна пракса на производство на вино во земјата.Тиквешкиот регион како најголем е со доста голем број на лозови насади, како и винарии. Општина Неготино е дел од тиквешијата, сместена во областа на средно Повардарие. Му припаѓа на Вардарскиот регион, а како посебна природна средина му припаѓа на тиквешковардарскиот регион. Неготино е познато по одгледувањето на виновата лоза. Во околината на Неготино има доста поседи со винова лоза, и многу винарии кои го преработуваат грозјето и прават квалитетно вино.Покрај одгледувањето и производството на винова лоза односно вино, овој регион изобилува со голем број на винарии каде што секоја на свој начин му нуди нешто ново на туристот поврзано со виното и неговата историја. По повод денот на лозарите Св. Трифун на 14 февруари редовно секоја година се одржува манифестација во која секоја винарија ги изложува своите вина, а во склоп на манифестацијата има и забавна програма каде што граѓаните ги забавуваа македонската музичка естрада. Традиционално на оваа манифестација се избира најдобар лозар и најдобро прозиведено квалитетно вино за кои тие добиваат признанија од општината што добиваат мотив повеќе до година да се посветат за подобро и квалитетно вино. Од година во година оваа манифестација станува се поатрактивна со што се привлекуваат голем број наши како и странски туристи. Во склоп музејот на град Неготино, тој ја вклучува и Галеријата на виното, прва галерија за вино во Македонија. Галеријата на виното е лоцирана во комплексот на манастирот СВ. Ѓорѓи. Богатата традиција во одгледувањето на виновата лоза и производството на вино се најкаректеристични обележја на ова поднебје. Постои огромен број на археолошки наоди и етнолошки предмети поврзани со лозарството и винарството кои што сега се смесстени во Галеријата на винотоможат да се понудат и промовираат на едно место, со цел да бидат што подостапни за оние кои што сакаат да ги видат. Основната намена на објектот е заштита на културно- историското и винарството, како основен белег на ова поднебје. Покрај основната, Галеријата на виното има и посебна намена манифестирана во изложбено- продажниот дел кој ги содржи најквалитетните сортни вина, произведени во нашите познати винарии. Локални бзнис партнери кои ги имаат изложено своите високо- квалитетни вина во изложбениот дел од галеријата се винариите: В.В. Повардарие, Винарија Бовин, Винарија Пивка, Винарија Дудин, Винарија Фонко, Винарија Ѓорчев, А.Д. ВЕНЕЦ -Долни Дисан, Винарија ЕЛЕНОВИ и Винарија ПОПОВА КУЛА.
Главни сортина вино што ги произведуваат горенаведените винариисе црвенитеВранец, Мерлот, Каберне Совињон, Пинот Ноар, Кадарка, белите Шардоне, Белан, Мускат, Ризлинг, Совињон Бланк, Семилон, Смедеревка, Ркацетели, Мускат Отонел, Темјаника, Жилавка и розе Станушина.
Во околината има доста винарии кои произведуваат доста квалитетно вино, ја посетивме и галеријата на виното која е многу добро средена и видовме како било низ минатото во овој регион како се преработувало грозјето и како се добивало вино. За некој година пак ќе го посетиме местово, бидејќи се надеваме дека ќе има некоја новина – рече турист кој случајно го најдовме во Неготино.

Оваа статија е прочитана 5133 пати!

Објавено од:

Од категорија: Чудесна Македонија

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger