Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » По Светот » Нишиношима – новиот остров на картата на светот!

Нишиношима – новиот остров на картата на светот!

15.03.2015

Како последица на вулканската активност, уште во 1974 година на 950 км јужно од Токио се појавил нов остров во морето наречен Нишиношима. Островот бил релативно „мирен“ до 2013 година, кога во негова непосредна близина, повторно како последица на вулкански ерупции се појавил уште еден сосема мал нов остров, наречен Нииџима. За помалку од две години (од ноември 2013 година кога за прв пат бил забележан), Нииџима ја зголеми својата површина дури за 11 пати. Во првите испитувања и согледувања, научниците мислеле дека островот по кратко време ќе биде потопен, или дека океанот ќе го проголта. Меѓутоа, поради постојаното нараснување, на 26 декември истата година се споиле двата соседни острова: новосоздаденоиот Нииџима и соседниот до него Нишиношима, а името останало според постариот остров. Поради континуирани подводни ерупции, „споениот“ остров за кратко време се прошири на 56 илјади квадратни метри, зголемувајќи ја својата површина три пати. Доколку Нишиношима остане цврст остров (не биде разнесен со некоја нова ерупција), Јапонија ќе ја зголеми својата копнена површина, бидејќи Нишиношима веќе има височина од 120 м и површина од 3 км кв. Инаку, Крајбрежната стража на Јапонија ги замоли морнарите заради безбедност да не се доближуваат островот. Јапонија се наоѓа во пацифичкиот огнен прстен, каде земјотресите и вулканските ерупции се релативно честа појава.

Подготвил: Давор Коневски

Објавено од:

Од категорија: По Светот

Leave a Reply

*