Резултати од регионалните натпревари по географија за 2015 година во скопскиот регион

19.04.2015

Македонското географско друштво како општествена организација во чиј состав влегуваат сите дипломирани географи егзистира од 1949 година односно над 65 години. Во рамките на својата историја со голем ентузијазам до сега спроведува различни активности од интерс за географите, но уште повеќе за општеството. Секоја година Македонското географско друштво организира училишни, регионални и државни натпревари за учениците од основното и средното образование, така што до сега се одржани 35 натпревари по географија. Оваа година натпреварите по географија за учениците од основните и средните училишта во Скопскиот регион се одржаа на ден 18.04.2015 год. под покровителство на градот Скопје и градоначалникот господин Коце Трајановски. Регионалниот натпревар се одржа во угостителско туристичкото училиште „Лазар Танев“ – Скопје. Непосредната манифестација благодарение на персоналот на училиштето домаќин и оценувачката комисија предводена од секретарот на Македонското географско друштво проф. д-р Билјана Апостоловска – Тошевска и координаторот за наставниците во Скопскиот регион м-р Билјана Гичевски се одржаа на највисоко организациско ниво. На натпреварите по географија во Скопскиот регион учествуваа 124 ученици од кои 10 од средните училишта и 114 од основните училишта.

Резултатите може да се погледнат ОВДЕ.

Извор: Македонско географско друштво.

Оваа статија е прочитана 6757 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published.