Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Гостување на проф. д-р Дамир Магаш (Хрватска) на Институтот за географија во Скопје

Гостување на проф. д-р Дамир Магаш (Хрватска) на Институтот за географија во Скопје

9.05.2015

Во рамките на активностите на CEEPUS програмата за размена на наставници и студенти во изминативе неколку години на Институтот за географија беа реализирани неколку активности:

  • Присуство на наши студенти Глигорије Џилвиџиев и Дарко Стојчевски на летната школа во Прешов, Словачка,
  • Посета и реализирано предавање на д-р Славомир Бухер од Факултетот за Општествени и Природни науки при Универзитетот во Прешов, Словачка од 28. 04. 2014 год. до 4. 05. 2014,
  • Студентите Лукаш Рихта и Хецко Михаил од Република Чешка во текот на месец март посетуваа настава на Институтот за географија, а реализираа и соодветна проектна задача од областа на регионалната географија на Чешка.

Магаш-СкопјеПоследната активност беше поврзана со посетата на истакнатиот професор од Универзитетот во Задар д-р Дамир Магаш. Во својата еднонеделна посета професорот Магаш реализира и предавање за „Предизвиците на регионализацијата на Хрватска“.
Реализираното предавање предизвикаа интерес кај студентите и наставниот кадар и беа проследени со интересни прашања и дискусии.
Воедно посетата на д-р Дамир Магаш беше искористена за размена на мислења на одредени актуелни теми на полето на географијата и разгледување на можности за заедничка соработка на заеднички проекти и теренска настава со студентите.
Институтот за географија во понатамошната своја активност во CEEPUS програмата останува на заложбите во континутет да биде место за збиднувања од ваков вид, со што се придонесува кон промовирање на географската наука.

Автор:
Д-р Билјана Апостоловска Тошевска, вонр. проф.
Координатор на CEEPUS програмата на Институтот за географија

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*