Microsoft ICE – панорамско решение во секој поглед

17.05.2015

Денес секоја голема софтверска компанија која се држи до својот углед, има посебна развојна лабораторија од која произлегува не само софтверот кој го продава, туку и многу други мали и големи апликации, кои лабораториските програмери ги направиле „од љубов“ и се одлучиле да ги споделат со другите. Многумина се сомневаa дека компанија како Microsoft може бесплатно да сподели добар софтвер. Сепак, доказ за спротивното се многуте апликации и софтвери кои излегуваат од нивните лаборатории и ги изненадуваат корисниците. Всушност, персоналот од Microsoft, поточно Microsoft Research, редовно издаваат се поинтересни софтвери, а од неодамна и еден прилично елегантен и едноставен алат за изработка на панорамски фотографии. Станува збор за Microsoft ICE (Image Composite Editor) кој е напреден, едноставен, бесплатен софтвер кој е во состојба од серија на фотографии на кои кадарот се преклопува, да направи целосна фотографија и тоа со висока резолуција. Готовите панорамски слики се со можност за зачувување во повеќе формати, меѓу кои се JPEG и TIF, потоа HD View, како и PSD форматот од Photoshop.

Постапката започнува со одбирање на серија фотографии кои ICE автоматски ќе ги сплоти во една квалитетна панорамска слика. Всушност тоа е една е од главните предности на ICE. Потребата за корисничка интервенција е смалена на минимум, но резултатите се прилично добри. Времето на склопувањето на панорамата зависи од тоа колку мемориски се големи избраните фотографии и колку е моќен уредот на кој работи ICE, па затоа во некои случаи склопувањето може да потрае. Инаку ICE доаѓа со 32 и 64 битна подршка. Кога процесот на склопување ќе заврши, ќе биде прикажан резултатот со јасно означен регион каде што склопената панорама треба да се пресече. Секако, тука сепак ќе морате малку да работите за да ги подесите границите. За среќа, се нуди и опција за автоматско одредување каде треба панорамската слика да се пресече. Притоа, ако не сте задоволни со добиената панорама, може да се експериментира со одредување на параметри на фотографиите и на панорамата. Има неколку предефинирани модели, а единствено што може да се советува е слободно да експериментирате или да го оставите ICE сам да одлучи на кој начин да ја состави фотографијата. Тука секако пробајте го модот rotating motion, кој овозможува промена на набљудувачката точка и перспектива, а најприкладно е за панорамите кои се сликани полукружно или во цел круг. Во секој случај резултатите можат да бидат доста импресивни. Оние кои се во потрага по малку пофино подесување на панорамата, сигурно ќе ја ценат можноста за одредување на центарот на кривината на панорамата, односно перспективата. Можеби ќе бидите изненадени од начинот на кој тоа го замислиле програмерите, но мора да се признае дека погодувањето на центарот и кривината не се лоши. Кога ќе ги испробате сите параметри (ако сте сакале или морале), останува само да ја снимите панорамата. За таа цел, најинтересна опција е HD View (посебен формат наменет за изработка на големи панорами од голем број на фотографии), но за него треба посебен plug-in за прегледување. Секако, ваквите панорами се соодветни и за прикажување на web-страниците. Се на се, Microsoft ICE е прилично добар алат за создавање на фотографии, работата е удобна, прилагоден за почетници, а резултатите се речиси без никакви дополнителни интервенции. Со оглед дека оваа алатка е бесплатна, таа перманентно се надградува и нуди подобри и понапредни алатки, како и повеќе можности за зачувување Primerна форматите, поголема меморија и поголема резолуција за панорамските достигнувања.

Нашите искуства со Microsoft ICE се повеќе од задоволителни. Од поголем број на фотографии (4 до 10) добиени се прекрасни пејсажи на различни предели во Македонија. Единствен проблем настанува доколку фотографиите од кои сакаме да направиме панорама, имаат различна осветленост, експозиција, ширина на видно поле или степен на зумирање. Сепак, од десетици обиди, само неколку беа неуспешни. Покрај тоа, софтверот успешно го искористивме за автоматско соединување на скенирани карти, сателитски снимки и други растери. Затоа, секоја препорака од наша страна за бесплатниот Microsoft ICE.

Подготвиле: Влатко Митрески – ГИС и д-р Ивица Милевски.

Оваа статија е прочитана 4057 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published.