Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Интересна научна конференција во Боровец-Бугарија, посветена на планинските региони

Интересна научна конференција во Боровец-Бугарија, посветена на планинските региони

17.05.2015

КонференцијаВо периодот од 13 до 16 мај, 2015 година, во зимско-спортскиот центар Боровец во Бугарија, беше одржана меѓународна конференција со тема: „Одржливи планински региони – да помогнеме да функционираат (Sustainable Mountain Regions: Make Them Work)„. Конференцијата беше организирана од Центарот за извонредност при Софискиот универзитет, како и повеќе партнер-организации од Бугарија. Главна цел на конференцијата беше изнесување на научна поткрепа за потребата од донесување на Конвенција за одржливо користење на планинските региони во Југоисточна Европа. Вакви слични конвенции веќе има за регионите на Алпите и Карпатите и се од многу големо регионално, стопанско, па и политичко значење.

Инаку, на конференцијата учествуваа околу 60 учесници од 12 држави претежно од Балканскиот Полуостров, при што беа презентирани 70-тина презентации во 6 секции на различни теми поврзани со користењето, третманот, проблемите и загрозувањето на планинските региони. Во рамките на конференцијата се одржа и состанок на комитетот на SEEmore (South East Europe Mountain Research), по што беше избран нов претседател и потпретседател на оваа истражувачка мрежа.

Clipboard01Од Република Македонија на конференцијата присуствуваше д-р Ивица Милевски како член на научниот, уредувачкиот одбор и член на Извршниот Комитет на SEEmore. Д-р Милевски настапи со презентација на тема: „Моделирање на подрачјата со потенцијални природни хазарди во планинските предели со помош на ГИС и далечинска детекција, на примерот на планината Влаина“. Во презентацијата, беа претставени нови техники и методологија за одредување на степенот на загрозеност на планинските предели од некои природни непогоди (ерозија, свлечишта, поплави и пожари), особено имајќи ја во предвид нивната се поголема зачестеност и изразеност. Научните трудови од конференцијата се објавени во посебен Зборник, а неколку трудови, вклучувајќи го и погоре споменатиот ќе бидат објавени во специјално издание-монографија на Спрингер.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 2775 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger