Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Нагло зголемување на интересот за т.н. еко-капсули, енергетски независни микро-живеалишта!

Нагло зголемување на интересот за т.н. еко-капсули, енергетски независни микро-живеалишта!

30.05.2015

Да се живее во минијатурен еколошки дом, поблиску до природата, станува се поголем предизвик, посебно за местата кои се оддалечени од неопходната инфраструктура. Имајќи го тоа во предвид, архитектонското студио Nice Architects со седиште во Братислава, дизајнираше т.н. еко-капсула во јајцевидна форма која, всушност, претставува нискоенергетски дом. Овој дом со мали димензии е обезбеден со соларна енергија и енергија од ветерот, потоа апарати за собирање и филтрација на дождовницата. Еко-капсулата е со димензии 4,5 метри должина, 2,4 метри ширина и 2,5 метри висина, а воедно ги содржи сите неопходни работи на еден дом распоредени во 8 метри квадратни слободен простор или вкупно 11 метри квадратни заедно со просторот за складирање. Без оглед на малите димензии, првите прототип-капсули овозможиле релативно комотен престој за 2 возрасни лица. Ентериерот е опремен со кревет на собирање, работен простор, бања, мала кујна, 2 широки прозорци на отварање и простор за складирање. Со цел да се овозможи поголема енергетска ефикасност, додадени се турбина за ветер од 750 вати и соларни ќелии рапсоредни на површина од 2,6 метри квадратни со производство до 600 вати. Системот на двојна моќност и батериите со висок капацитет, овозможуваат засолништето да се употребува и за време на ниска сончева или ветерна енергија.
Сепак, главните предности на еко-капсулата ќе бидат нејзината голема мобилност (можност за лесно пренесување и поставување на било кое место) и ниската цена. Заради тоа, интересот е голем, како и бројот на нарачките, а првите капсули ќе бидат испорачани во мај 2016 година. Веќе се размислува и за малку поголеми-покомфорни еко-капсули со околу 15 метри квадратни корисна површина и со димензии 6,5 х 2,5 метри. Всушност, во последните неколку месеци, нагло порасна интересот за вакви живеалишта, а последниот пример можеби ќе биде првото комерцијално успешно и распространето еко-живеалиште. Покрај останатото, еко-капсулите, со оглед на футуристичкиот дизајн и енергетската независност, можат да го решат прашањето на субстандардното домување во некои области и да придонесат за поголема мобилност и деконцентрација на населението.

Извор: http://www.dailymail.co.uk/travel

 

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: , , ,

Leave a Reply

*