Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » Бигрениот водопад во Романија, еден од најубавите во Светот

Бигрениот водопад во Романија, еден од најубавите во Светот

31.05.2015

Според реномираниот географски портал “The World Geography”, Бигрениот водопад во Романија е прогласен за најубав во светот. Овој водопад се наоѓа во областа Банат, југозападна Романија, односно во провинцијата Караш-Северин. Сместен е во долината на реката Минис, која пак е дел од националниот парк Чеиле-Нереи. Водопадот е уникатен по тенките млазеви на вода што се слеваат и паѓаат преку бигрени наслаги, формирајќи фантастична водна завеса, често придружена со виножито. Интересно е што водопадот се наоѓа точно на 45 степен северна географска широчина, во близина на градчето Анина. Иако е висок само 8 метри, зелениот пејсаж со мов преку бигорот, како и пештерата над водопадот од која извира водата и паѓа надолу, во последно време привлекуваат голем број посетители. Сепак, заради опасноста од загрозување на природата, се води сметка за ограничен пристап на туристите по посебна патека, а набљудувањето е можно само од поставената платформа спроти водопадот. Па додека да го посетите овој можеби навистина најубав водопад во светот, ве оставаме да уживате во фотографиите.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 8760 пати!

Објавено од:

Од категорија: По Светот · Tags: , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger