Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » МГД со учество на јавна расправа за улогата на наставничките здруженија во образовниот систем на Република Македонија

МГД со учество на јавна расправа за улогата на наставничките здруженија во образовниот систем на Република Македонија

27.12.2015

Во организација на Домот на просветни работници – Скопје, во соработка со Педагошкиот Факултет во Скопје и ЕЛТАМ – Асоцијација на наставници по англиски јазик на Република Македонија, а со поддршка на Министерството за образование и наука на 21. 12. 2015 година беше организирана првата стручна расправа на претставници од здруженијата на воспитно образовните кадри од предучилишното, основното и средното образование со наслов: „Улогата на наставничките здруженија во образовниот систем на Република Македонија.“ На стручната расправа се дискутираше за:

  • Влијанието на наставничките здруженија во рамките на образовниот процес и системот на образование во Република Македонија
  • Организациската поставеност на наставничките здруженија
  • Програмска усогласеност со слични здруженија во различни подсистеми на обрзование
  • Стратешко планирање на заеднички проекти и активности на подолгорочен период.

На јавната расправа беа присутни претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и претставници на поголем број наставнички здруженија. Меѓу нив активно учество имаше и претставник од Македонското географско друштво кој се произнесе во врска со начинот на работење и организирање на своите активности, своите визии за идните делувања на полето на промовирање на географијата и јакнење на улогата на кариерен сервис на наставниците по географија.

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска
Претседател на Македонско географско друштво

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*