Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Еколошка катастрофа во Тораница

Еколошка катастрофа во Тораница

Јаловина со отровни материи од рудникот се излеала од рудникот „Тораница“. Отровни материи како арсен, олово, цинк кадмиум и нус-продукти од процесот на експлоатација на рудата директно се излеале во Крива Река и предизвиклеа еколошка катастрофа, чии последици ќе се чувствуваат следните неколку децнии. Жителите на Крива Паланка велат дека истурање на отровни материи од рудникот имало и порано, известува телевизијата Телма. Причините за излевањето на јаловината сè уште не се утврдени, но се претпоставува дека слегнатиот асфалт ја притиснал цевката и заради блокада на шахтите од  двете страни на патот истекла јаловина. По кратко време било запрено истекувањето на јаловината од погоните, но не можело да се запре и излевање од цевката. Цевководот долг 2,5 километри кој ги пренесува отровните материи од погонот до јаловиштето, наводно  поради  тектонски поместувања на земјиштето. почнал да пукаат. Инспекторите не сакаат предвреме да зборувата за причините за загадувањето на Крива Река сè додека не се добијат резултати од мострите земени од реката, кои треба да покажат колкав е степенот на загаденост.

Оваа статија е прочитана 3893 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger