Колку навистина е долга реката Вардар?

9.01.2016

Река Вардар низ Демиркаписката КлисураНа сите ни е општо познат податокот дека реката Вардар е долга 388 km, од кои во Република Македонија 301 km. Всушност, ова се учи како даден факт уште во основните училишта. Во литературата ретко ќе се најде поинаква вредност или анализа на веродостојноста на овој податок.

Заради потребата од добивање на мошне прецизен податок, извршивме проверка на дадената вредност. За таа цел е користена детално векторизираната (дигитализирана) линија по коритото на реката Вардар, исцртана од топографски карти со размер 1 : 25 000, како и 3Д дигитален теренски модел. Според овие пресметки, ако се земе должината на Вардар од изворот Вруток, тогаш до границата со Грција таа изнесува точно 289,5 km. Доколку се земе пак должината заедно со изворишната притока на Вардар – Дуфска Река (над с. Вруток), се добива вкупна должина од 299,7 km. Проблем е која вредност треба да се користи како вкупна должина на Вардар, дали од изворот Вруток или од изворот Вардарна Дуфска Река, која е изворишна притока на Вардар. Вообичаено е за т.н. максимална должина на река, да се смета должината на реката од устието, до изворот на најдолгиот изворишен крак. Вака сметано, Вардар има вкупна должина од 299,5 km или заедно со делот во Грција 385,7 km. Помалите вредностите во однос на „официјалните“ се поради различниот метод на мерење (традиционален в.с. дигитален), но и поради пресечените меандри и „скратеното“ корито на Вардар во Скопската, Гевгелиско-валандовската и другите котлини во низводниот дел.

ВрутокВажно е да се напомене дека должината на Вардар од изворот Вруток, до границата со Грција, всушност е 290 km (или поточно 289,5 km), а не 301 km, како што обично може да се прочита по разните извори на податоци. Вредноста од 301 km (реално 299,7 km), може да се земе само во контекст на должината заедно со Дуфска Река (10,2 km) над с. Вруток.

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 8287 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *