Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема » Како е да се биде студент на размена преку програмата CEEPUS?

Како е да се биде студент на размена преку програмата CEEPUS?

22.01.2016 

Во текот на зимскиот семестар во учебната 2015/2016 година имавме можност преку програмата за размена на студенти CEEPUS да бидеме студенти на Универзитетот во Марибор, Република Словенија. За нас тоа се четири незаборавни месеци во кои не само што бевме дел од образовниот систем на дотичната држава, туку имавме можност да се запознаеме со културата, начинот на живеење и студирање во Словенија.

Имавме отворена соработка со професорите и сите вработени на Факултетот. Сместувањето беше беспрекорно, а во врска со исхраната секој студент е регистриран и има попусти во многу ресторани, затоа што Владата субвенционира дел од сумата за исхрана на студентите. Со тоа значително се намалуваат трошоците за студирање. Од големо значење беа и студентски организации кои придонесуваат за статусот на студентот во општеството. Добивавме месечна стипендија која ги покриваше нашите тековни трошоци.

Исто така на студентите им се нудат можности за групни патувања организирани преку студентски организации. Дел од ваквите поволности искористивме, а дел беа во сопствена организација. Прошетавме голем дел од просторот на преубавата Словенија.

Секако сакаме да го нагласиме топлото гостопримство на професорите, асистентите и колегите од Факултетот. Имавме чувство како  да не сме гости дојдени на само неколку месеци.

Затоа најискрено препорачуваме секој студент да ги искористи можностите за стипендирање и мобилност на програмата CEEPUS, затоа што искуството е незаборавно. За таа цел можат да се обратат до координаторот на CEEPUS програмата на Институтот за географија, проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска и да се информираат за следните аликации за мобилност.

Автори: Борка Најдовска и Николина Ристевска, студенти на насоката ГИС на Институтот за географија

Објавено од:

Од категорија: На тема

Leave a Reply

*