ИГЕОГРАФИЈА » Наставни » Институтот за географија на саемот за туризам во Прага
Институтот за географија на саемот за туризам во Прага
25.02.2016
Институтот за географија во периодот од 17-22.02.2016 година организираше и успешно реализираше теренска настава, наменета за студентите од насоката туризам, а која првенствено се однесуваше на посета на интернационалниот саем за туризам во Прага, Република Чешка.
На саемот групата имаше можност да види како изгледа еден ваков настан, организиран во една од најбрзо растечките туристички дестинации во Европа, и водечка дестинација за урбан туризам во регионот.
На саемот, претставниците на Институтот имаа кратки средби со дел од учесниците и излагачите на одредени земји, од кои се издвојуваа: Кина, Мароко, Албанија, Етиопија, Бугарија, Кипар, Доминиканска Република и др. со чии претставници имаше можност да се разменат и споделат позитивни искуства поврзани со туристичкиот развој. Дополнително, се дискутираше за тоа што е актуелно во моментот, кои се светските трендови, во кои насоки се движи туристичката побарувачка итн.
Оваа теренска на-става беше искористена за да се прошета и види Чешката престолнина, со нејзините најзначајни зна-менитости, препознатли-вата архитектурата со објекти градени во барок и рококо стил, стариот град-ски плоштад, карлов мост, прашкиот дворец и др.
Посетата на Чешка, продолжи со посетата на Карлови Вари, светски познатата спа дестинација, изградена уште во 1370 година, каде студентите имаа можност да прошетаат и да видат еден бањски центар, кој покрај термалните извори плени со прекрасното природно окружување од една и кралската архитектура од друга страна.
По посетатата на една од најатрактивните светски спа дестинации групата продолжи според предвидената рута кон Австриската престолнина, каде покрај панорамскиот разглед се реализираше и прошетка низ центарот на Виена – која денес несомнено претставува вистинска културна престолнина, а градена врз темелите на остатоците од Хабсбурговците.
По целодневната посета и прошетка низ Виена и нејзините најзначајни културно-историски знаменитости групата се упати кон Република Македонија.
На крајот може да се резимира дека теренската наста-ва беше успешно реализирана благодарение на студентите и нивното совесно однесување, но и водството на наставниот и соработничкиот кадар, предво-дени од проф. д-р Ристо Мијалов, раководител на Институтот за географија и проф. д-р Никола Панов, продекан на Природно-математичкиот факултет, потоа проф. Благоја Маркоски, проф. Драган Колчаковски, проф. Билјана Апостоловска Тошевска, доц. д-р Милена Талеска, доц. д-р Дејан Илиев, асистент м-р Христина Димеска, асистент м-р Горан Китевски, м-р Анита Тодорова и м-р Владимир Златаноски.
Технички организатор на патувањето беше туристичката агенција “Оскар Травел Сервис“, која мошне успешно и на високо ниво ја реализираше својата обврска.
Текст: м-р Христина Димеска
Фотографии: м-р Дарко Панов
Од категорија: Наставни