Гостување на Шпанскиот амбасадор на Институтот за географија

17.03.2016

На 10.03.2016 година на Природно-математичкиот факултет, на покана на Институтот за географија, гостуваа амбасадорот Ramón Abaroa Carranza и заменик шеф на мисија D. Fernando López de Castro Garrido на Кралството Шпанија во Македонија. Гостите беа пречекани од највисоки претставници од факултетот, проф. д-р Никола Панов, проф д-р Ристо Мијалов, проф. д-р Благоја Маркоски, проф. Димитар Бојаџиески и останати претставници на факултетот.
По официјалниот пречек во просториите на деканатот, неговата екселенција, амбасадорот одржа кратко предавање пред студентите, дел од наставничкиот и соработничкиот кадар и членовите на Советодавниот одбор од областа на туризмот. Излагањето се однесуваше на претставување на основните туристички карактеристики на Шпанија, нејзините природни вредности, богатството од антропогени потенцијали, базирано пред се на културните вредности. Дополнително во кратката презентација амабасадорот ги посочи и бенефитите од туризмот во севкупниот развој на Шпанија како водечка туристичка земја на глобално ниво.

IG-1

Гостувањето несомнено предизвика голем интерес кај студентите на Институтот (особено од насоката туризам), но и стопанствениците кои беа присутни во голем број (Беким Хаџиу – Министерство за економија, Славе Сирачевски – Т.А „Аурора“, Катерина Илиевска – Хотел „Ибис“, Љупчо Андрески – Т.А „Путник“, Александар Алексов – Хотел „Аполонија“, Златан Миливојевиќ  Хотел „Европа“, Зоран Тодоровски – „Swiss Контакт“, Дарко Панов – Т.А Оскар Травел Сервис, Љубиша Николовски – АППРМ), кои на крајот на излагањето на неговата екселенција, отворија дискусија со бројни прашања. Имено, се дискутираше за искуствата на Шпанија во процесот на развојот на туризмот, препознатливоста на земјата како туристичка дестинација, потребата од имплементација на дел од нивните позитивни искуства во туризмот во нашата земја, но и можноста за студентска размена помеѓу двете земји.
Се надеваме дека оваа официјална посета ќе претставува иницијална каписла во соработката меѓу двете земји, поврзана со образованието, но и со туризмот, како мошне доходовна гранка.
Настанот медиумски беше покриен од Наша ТВ.

IG-2

Текст: м-р Христина Димеска

Оваа статија е прочитана 7190 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published.