Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, Природник... » Еуромед за прв пат во Македонија!

Еуромед за прв пат во Македонија!

17.03.2016

EuromedНастанот „Еуромед“ претставува регионален конгрес кој се организира во рамки на ЕГЕА (Европска географска асоцијација на студенти и млади географи). Оваа година конгресот ќе се организира по 18 – ти пат, за прв пат во организација на ЕГЕА Скопје. Поточно  ИЗСГ Природник (Истражувачко здружение на студенти географи), оваа година ќе биде домаќин на Евромедитеранскиот географски конгрес, или повеќе познат како Еуромед кој ќе се одржи во периодот од 04.05.2016-08.05.2016 година во нашиот и балканскиот Ерусалим, градот Охрид.
Конгресот е посветен на гастрономскиот туризам, а во рамки на истиот се планира организирање на повеќе предавања, стручни работилници, екскурзии, спортски активности. Најавено е учество на околу 100 студенти – географи од следниве Европски држави: Шпанија, Велика Британија, Холандија, Норвешка, Финска, Германија, Полска, Чешка, Русија, Романија, Италија, Швајцарија, Австрија, Словачка, Словенија, Хрватска, Србија и БИХ.
Конгресот ќе започне на 04.05.2016 година, каде од 12:00-17:00 часот се очекува прием на гостите. Веднаш по приемот на гостите е предвидено свечено отварање на Конгресот, а во вечерните часови следува тематско запознавање со учесниците и т.н.„графити прослава“.
Вториот ден, ќе биде посветен на стручни работилници, каде сите студенти ќе имаат можност да учествуваат на повеќе предавања и дебати во рамките на разновидни работилници. Истиот ден се предвидува организирање на спортски активности и натпревари, а во вечерните часови ќе се одржи „Културна Вечер“ односно културолошки саем.
Третиот ден го посветуваме на македонската храна и култура, на кој посебено внимание ќе посветиме на презентација и промоција на македонски традиционални производи.
Четвртиот ден ќе се реализираат неколку екскурзии и тоа:
– екскурзија I во Струга и Вевчани,
– екскурзија II во Битола и с. Дихово и
– екскурзија III во Св.Наум и Галичица.
Петиот ден е предвиден за презентирање на работилниците, а потоа следува затварање на манифестацијата.

Со почит организаторите на Еуромед 2016,

Јане Младеноски (координатор на конгресот),
Зоран Петров,
Тоше Столески,
Магдалена Димитриевска (претседател на ИЗСГ Природник),
Симона Божиновска (потпретседател на ИЗСГ Природник) и
Ема Станковиќ (благајник на ИЗСГ Природник).

Оваа статија е прочитана 8260 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести, Природник...

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger