Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Природник... » Теренска настава до Китка, предводена од ИЗСГ Природник

Теренска настава до Китка, предводена од ИЗСГ Природник

 04.04.2016

Новиот управен одбор на ИЗСГ Природник или Егеа Скопје, го организираше својот трет терен на планината Китка. Теренската настава беше реализирана во период од 25.03.2016 год. до 27.03.2016 год. Присуствуваа 12 студенти, од кои тројца дипломирани географи и тројца дипломирани туризмолози. Нашата идеја беше да ја посетиме планината Китка која се наоѓа југоисточно од Ск12968573_10207900608452066_150310138_nопје. Имено, авантурата започна во претпладневните часови, каде со автобуски превоз стигнавме до населба Драчево каде не чекаше организиран превоз. Нашата цел за овој терен беше да имаме малку поинакво доживување со тоа што за прв пат не бевме сместени во планинарски дом, туку во дрвени викенд куќички кои се лоцирани кај самиот дом. Откако пристигнавме се распакувавме и тргавме на кратка прошетка и разгледување на околината. Таму не дочека прекрасен пејсзаж покриен со снежна прекривка. Во вечерните часови се поделивме во групи и се натпреварувавме на географски квиз кој го имаше подготвено нашиот колега Тоше Столески. Квизот се состоеше од општи географски прашања, брза географија, асоцијација, пантомима и прашања за Р.Македонија. Вториот ден ни беше предвидено кратко планинарење, наша цел беше да се искачиме до еден карпест врв, а попатно направивме мал одмор на еден понизок врв од каде убаво можевме да ги 12939421_10207900645732998_1239525349_nвидиме врвот Лисец, Солунска Глава, планината Убава и Караџица. Потоа се вративме во викендицата каде подготвувавме ручек. Во вечерните часови, традиционално се одржи натпревар во БДЦ. Третиот ден, по ручекот имавме можност да искусиме нешто многу поинакво, домаќините на домот ни овозможија кратки часови по јавање на коњ. Веќе во попладневните часови ја напуштивме прекрасната снежна идила, се упативме кон дома сите задоволни, полни со импресии и со нетрпение чекајки го следниот терен. Организатори на овој мотивационен терен беа претседателот на друштвото Магдалена Димитриевска и потпретседателот Симона Божиновска.
12965950_10207900609692097_1946896163_n                                                            Снежна идила на Китка

Напишале: Магдалена Димитриевска и Симона Божиновска.

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: ,

Leave a Reply

*