Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Наставни » Теренска настава за студентите на Институтот за географија до „Тимјаничка цуцка“

Теренска настава за студентите на Институтот за географија до „Тимјаничка цуцка“

15.04.2016

На 06.04.2016 година се реализираше еднодневна теренска настава наменета за студентите од насоките: Наставна географија, Географски информациски системи и Демографија од прва година и студентите од четврта година на насоката Туризам. Наставата беше во рамки на предметите Картографија и Туристичка картографија. Целта беше непосредно на терен да се обработи проблемот ориентација во географскиот простор. Во контекст на темата беа обработени видовите ориентација, начините на ориентација, ориентацијата на земјиштето со помош на разни предмети и знаци на земјиштето, ориентација со помош на инструменти, ориентација на карта и со карта, одредување азимут и движење на земјиштето по азимут и одредувањето на стојалишни точки на земјиштето.
Теренската настава се реализираше според однапред поставената програма, и тоа поаѓање од Скопје во 08ч преку Неготино, до селото Тимјаник, а од таму пешачење до локалитетот „Тимјаничка цуцка“ со попатни паузи за одмор пропратени со кратки предавања. На врвот со надморска височина од 331 метар професорот Маркоски одржа подетални предавања со практична примена на постапките за ориентација во географскиот простор.После тоа  студентитесе вратија во селото Тимјаник. Остатокот од попладнето се искористи за реализација на организиран ручек во реновираниот објект „Хотел Парк“ во Неготино, а потоа имаше кратка прошетка низ Неготино, така што во весела атмосвера се вративме во Скопје.
Теренската нстава се реализираше под раководство на проф. д-р Благоја Маркоски, а во придружба на шефот на Институтот за географија проф. д-р Ристо Мијалов и предметните асистенти м-р Христина Димеска и м-р Владимир Златаноски. Студентите беа прекрасни.

Врвот „Тимјаничка Цуцка“ со поглед кон Неготино

Врвот „Тимјаничка Цуцка“ со поглед кон Неготино

Текст: м-р Христина Димеска
Фото: проф. д-р Благоја Маркоски

Објавено од:

Од категорија: Наставни

Leave a Reply

*