Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Научен собир “Демографски предизвици на просторот на поранешна Југославија”, Белград, 15.04.2016 година

Научен собир “Демографски предизвици на просторот на поранешна Југославија”, Белград, 15.04.2016 година

19.04.2016

Clipboard01На 15 април 2016 година, Друштвото на демографи на Србија, во соработка со Институтот за демографија на Географскиот факултет во Белград, Центарот за демографски истражувања при Институтот за општествени науки и Републичкиот завод за статистика на Србија организираа научен собир на тема “Демографски предизвици на просторот на поранешна Југославија”.

naucen sobir Belgrad 2016 002
На собирот беа претставени повеќе од 40 научни трудови сместени во пет сесии и тоа:
– Позицијата и улогата на демографијата во општеството
– Унапредување на демографските истражувања
– Актуелната демографска состојба и процесите во земјите од поранешна СФРЈ
– Демографија и јавна политика и
– Постер сесија
Покрај учесниците од Србија, на собирот имаше учесници и од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска, Црна Гора и Република Македонија.
Институтот за географија при ПМФ овозможи на овој собир да учествуваат и проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска, проф. д-р Мирјанка Маџевиќ и м-р Марија Љакоска кои се претставија со трудот “Демогеографски преглед на миграционите движења во Република Македонија”, а проф. д-р Мирјанка Маџевиќ се јави како модератор во една ос сесиите.
Целта на овој собир кој беше организиран за прв пат беше размена на искуства и споделување на стекнатите знаења и сознанија помеѓу демографите од сите земји на поранешна Југославија, бидејќи проблемите со кои се сретнуваат, начинот на кој истите се истражуваат и решаваат можат да бидат инспирација и основа за понатамаошна соработка. Се планира овој собир да премине во традиција во иднина.

м-р Марија Љакоска

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*