Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Промени на светската индустриска карта

Промени на светската индустриска карта

7.12.2011.  Автор: д-р Билјана Апостоловска Тошевска

Индустриската карта на светот проследена од почетоците на инду­стри­­јата, до денес е видно изменета. Посебно нагласени измени се евиде­нти од средината на минатиот век па наваму и тоа кај поедини индустриски гранки како црна­та металургија, машинската, електронската и електро­техни­чка­та инду­стрија. Иако причините за промени во географската разместеност се разно­видни како од економска, географска и политичка природа, податоците посо­чу­ваат на тоа дека тежиштето на црната металургија е нагласено поме­сте­но кон азискиот континент, каде лидери се Кина, Индија и Јапонија, како и Јужна Кореа. Со тоа секако црната металургија не престанува да постои и во старото европско јадро на црната металургија, како и во САД, но две трети­нско­то водство во производството на сурово железо и челик во однос на вку­пното светско производство е доволен аргумент за силно развиената црна ме­та­­­лу­ргија во Азија, за која до средината на минатиот век се врзуваа скро­мни ре­зултати на прозводството. Видни позитивни измени во производството во црна­та металургија е забележано и во Бразил и тоа во последиве 30 годи­ни.

Со тоа поставени се силни предуслови за развој на машинската инду­стрија, која пак повторно доживува невиден просперитет кај наведениве по­дра­чја кон крајот на 20 век, а посебно во првото десетлетие на 21 век. На­гла­­­сен е пора­стот на автомобилската индустрија и смена во лидерската пози­ци­ја прво на САД, па Јапонија, за да денес на врвот во производството на авто­мо­би­ли е Кина.

Кај азиските земји се забележува интензивен продор и на полето на еле­ктро­техни­чката и електронската индустрија, иако очигледно е дека САД и ви­сокоразвиениете европски земји сепак успеваат да ги задржат високо коти­ра­чките улоги во овие индустрии, а посебно кај компјутерската индустрија, ми­кроелектрониката и слично.

Измените во географската разместеност кај некои од индустриските гранки најверојатно во иднина ќе бидат уште поинтересни за следење, од при­­чи­на што менувањето на лидерските позиции и широката географска ра­зме­­стеност кај индустриските гранки од видот на црната металургија, ма­шинската, електротехничката и електронската индустрија ќе допринесат изме­ни и кај еконо­мската моќ на овие индустриски земји и нивната улога на по­­лето на вкупната еко­номска и политичка светска сцена.

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags:

Leave a Reply

*