Преглед на новите студиски програми на насоката ГИС на Институтот за географија

17.08.2016

Во согласност со развојот на најновите ГИС технологии и имајќи ја во предвид потребата на студентите, минатата година беа усвоени новите студиски програми од насоката ГИС на Институтот за географија. Истите ќе стартуваат од новата учебна, односно студиска 2016/2017 година. Станува збор за студиски програми за прв, втор и трет циклус на студии од Географските информациски системи, со кој целосно е заокружен наставниот процес во оваа научно-апликативна област. Со тоа, ГИС како доста современа и атрактивна насока, ќе понуди уште поактуелни содржини за заинтересираните студенти и постдипломци.

Во прилог се студиските програми кои можете слободно да ги симнете во .pdf формат.

Студиска програма за ПРВ циклус на ГИС.

Студиска програма за ВТОР циклус на ГИС.

Студиска програма за ТРЕТ циклус на ГИС.

На заинтересираните кандидати им посакуваме успешно запишување на додипломските и постдипломските студии на насоката ГИС, а повеќе за истата можете да прочитате овде.

Подготвиле:  д-р Благоја Маркоски и д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 4535 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *