Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Излезе новата и доста подобрена верзија (18) на ГИС софтверот Global Mapper!

Излезе новата и доста подобрена верзија (18) на ГИС софтверот Global Mapper!

9.11.2016

Blue Marble Geographics неодамна ја лансираше најновата (18) верзија на популарниот ГИС софтвер Global Mapper. Global Mapper е еден од најкористените помошни или услужни ГИС софтвери на модерното време за што веќе имаме пишувано претходно (линк), па во оваа статија ќе се задржиме на бројните новитети претставени во последната верзија. Предноста кај Global Mapper е неговата релативно ниска цена од „само“ 499 долари за лиценца за основната верзија и дополнителни 499 долари за лиценца специјализирана за работење со LiDAR (повеќе за LiDAR прочитајте овде).
Неколку основни карактеристики на Global Mapper се:

  • Ниска цена и лесно користење,
  • Поддршка на преку 250 геопросторни формати,
  • Дополнителен LiDAR модул за моќно point-cloud процесирање,
  • Напредно управување со проекции преку GeoCaculator (дополнителна лиценца),
  • Одлична техничка поддршка и др.

Најновата верзија (v18) нуди широк спектар на нови карактеристики и функции на сите полиња од апликацијата. Покрај унапредените можности за 3D анализи на теренот, растерски пресметки, анализи на сателитски снимки, можноста за извонредно реалистично тридимензионално рендерирање на теренот, виртуелен лет низ просторот, поставување на 3D реалистични објекти, интеграција со ГПС податоци и други алатки претставени во претходната верзија (v17), најзабележлива промена за долгорочните корисници е целосниот редизајн на интерфејсот како и новото лого и графиката на менито. Toolbar-ите се реорганизирани со цел да промовираат поефикасен пристап до поважните функции и секој toolbar може да биде персонализиран преку додавање или одземање копчиња со што се приспособува кон потребите на самиот корисник. Toolbar-ите можат да се заклучат странично или на дното од прозорецот.
Функционално, најзначани промени во Global Mapper 18 се применети во 3D приказот каде е овозможен подетален приказ во висока резолуција на 3D податоците. Со помош на оваа функционалност можат да се добијат одлични 3D визуелизации и обработка на LiDAR модели. Значајна функција е и мулти-приказот на подлоги (леери) со што се олеснува и подобрува анализата на одредени податочни сетови. Новиот интуитивен кориснички интерфејс и логичниот layout помага да се олесни процесот на учење и креирање од страна на крајните корисници.


Со низата подобрувања од аспект на софтверски „багови“ и имплементацијата на нови алатки во последната верзија, Global Mapper стана моќен и покомплетен ГИС софтверски пакет, кој полека но сигурно се доближува до рангот на поскапите професионални ГИС софтвери како ArcGIS. Ниската цена и фактот што софтверот постојано се подобрува е еден од клучните фактори за негова голема перспективност и потенцијал.
Global Mapper e еден од најкористените и најизучувани софтвери на насоката ГИС на Институтот за Географија при ПМФ. Како студент на оваа насока, моите искуства со Global Mapper се изразито позитивни.

Global-Mapper
Демо верзијата можете да ја симнете од следниот линк: http://www.bluemarblegeo.com/products/global-mapper-download.php

Изработил: Петар Трајков – ГИС

Оваа статија е прочитана 3732 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger