Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Природник... » Одржан ЕГЕА семинарот за географските друштва од Јужна Европа, на кој беше и ЕГЕА Скопје

Одржан ЕГЕА семинарот за географските друштва од Јужна Европа, на кој беше и ЕГЕА Скопје

23.11.2016

15182328_10211050553204470_1907434994_oВо периодот од 11.03.2016 – 13.03.2016 во Анкаран, Словенија се одржа семинар од ЕГЕА, наменет за
контакт личности од Евромедитеранскиот дел на Европа (Јужна Европа). Овој семинар беше организиран од страна на ЕГЕА Копер, односно од Географското друштво на студенти и млади географи од Копер. Главна тема на семинарот беше работата на контакт личностите и ентитетите, како истите да си ја олеснат, но и да се усовршат во работата. На овој семинар од Македонија, односно ЕГЕА Скопје(ИЗСГ Природник)  имаше двајца претставници, Тоше Столески и Магдалена Димитровска која е актуелен претседател на ЕГЕА Скопје.  На семинарот свои излагања, односно предавања имаа: Лена Кропившек од Љубљана која е регионален контакт личност на Евромедитеранскиот регион, Лидија Кожар од Задар која е регионален асистент на Евромедитеранскиот регион, Ирис Мужиќ од Загреб која исто така е регионален асистент на Евромедитеранскиот регион и Ване Урх од Копер, кој е поранешен регионален контакт личност на Евромедитеранскиот регион (2015 – 2016).15175367_10211050550764409_1305453768_n

Првиот ден имавме мала екскурзија низ Копер, посетивме неколку значајни културно историски места и објекти, а на крај го посетивме и Факултетот за географија во Копер. После екскурзијата во Копер, пристигнавме во Анкаран каде се одржуваше семинарот за контакт личности. Истиот ден започнаа првите презентации и предавања како еден вовед во семинарот, притоа имавме мало објаснување што значи поимот конткат личност, која е неговата улога и функција во еден ентитет. Исто така се одржа и една мала обука за веб сајтоt www.egea.eu , како функционира и како да се отвори некој настан, како да се внесуваат податоци, но и како да се  менуваат внесените податоци. Вториот ден имавме повеќе обемни презентации и предавања, кои исто така беа наменети за контакт личностите, а покрај тоа имавме и по едно интерактивно предавање за ентитетите од Евромедитеранскиот регион, како и за работата на самата ЕГЕА организација. Со овие предавања  им се објасни на сите актуелни контакт личности како полесно и поефикасно да снајдат со својата функција. Потоа следеше предавање и работилница на тема „Вештини за прибирање на финански средства“. На ова предавање научвиме доста важни работи како секој ентитет, односно управниот одбор како правилно треба да постапува при прибирањето на финански средства, на пример спонзорства од одредени организации, официјални државни агенции или пак приватни фирми. За ова предавање 15151452_10211050553044466_1808731352_nимавме и мала практична работа каде бевме поделени во 5 групи. Секоја група требаше да направи едно барање за финансиски средства кое треба да приложи кај одредени претпоставени лица. И  овој ден како и во претходниот слободното време го искористивме одејќи на базен. Последното предавање за овој ден беше на темата „Управувањето со ентитетот“, каде интерактивно секој претставник од својот ентитет имаше свое кратко излагање и објаснување како е формиран ентитетот, колку членови брои во моменот, дали е регистриран како организација итн. На крајот од денот се презентираа барањата за прибирање на финансиски средства што претходно ги имавме подготвено.

Последниот ден од семинарот, свое излагаше имаше Ирис Мужиќ која ни говореше на што треба да обратиме внимание кога организираме некој настан, подоцна продолжи и за организациските тимови, нивните состаноци и како треба да изгледа промоцијата на некој настан. После незјиното излагање, имавме мала активност поврзана со организациските тимови на која повторно бевме поделени во тимови, и на крајот од сето тоа имавме мала презентација.

Освен редовните предавања, на овој семинар имаше и доста дружење и забавани активности. Последниот ден имавме и роденденска прослава, па од страна на организаторите беше приредено изненадување.

15174615_10211050552684457_1700098640_n

Пишува: Столески Тоше

Оваа статија е прочитана 3211 пати!

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags:

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger