Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Потпишан договор за соработка со Високата туристичка школа од Белград

Потпишан договор за соработка со Високата туристичка школа од Белград

30.11.2016

На ден 10.11.2016 во просториите на Високата туристичка школа на структурни студии во Белград, Република Србија, која вооедно е и најстара институција во образованието и едукацијата на кадри за потребите на туризмот во регионот, беше потпишан договор за взаемна соработка со Институтот за географија. Овој договор претставува чекор кој несомнено ќе влијае кон зајакнување и продлабочување на академската соработка помеѓу двете институции.
Меѓусебната соработка ќе се однесува на следните активности:

  • Договорените страни ќе го користат акумулираното знаење и искуство во изнаоѓањето на решенија на научните проблеми за кои постојат взаемни интереси;
  • Договорените страни ќе обавуваат меѓусебни консултации и ќе разменуваат мислења за акредитираните студиски програми, меѓусебно ќе си помагаат во развојот на нови студиски програми, како и на нивната реализација;
  • Потписниците на Договорот ќе разменуваат книги, часописи и други публикации кои ги издаваат самостојно или во соработка со други;
  • Договорените страни ќе соработуваат на подигнувањето на реномето на своите часописи;
  • Договорените страни ќе придонесуваат во организација на научни собири кои ќе ги организираат самостојно или во соработка со други високошколски установи или стручни здруженија, со учество во научно-програмските одбори;
  • Ќе обавуваат заеднички научно-истражувачки активности во научните области кои се значајни за обете договорени страни.

договор

Договорот беше потпишан од претставници на највисокото раководство на двете високообразовни институции, професор д-р Никола Панов, продекан на Природно-математичкиот факултет и професор д-р Зоран Миленковиќ, директор на Високата туристичка школа на структурни студии.

Подготвил: м-р Христина Димеска

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*