Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Природник... » ИЗЛЕЗЕ НОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ЕВРОПСКАТА ГЕОГРАФСКА АСОЦИЈАЦИЈА, ЕГЕА СКОПЈЕ (ИЗСГ ПРИРОДНИК) НА РЕКОРДНО НАЈВИСОКО МЕСТО!

ИЗЛЕЗЕ НОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ЕВРОПСКАТА ГЕОГРАФСКА АСОЦИЈАЦИЈА, ЕГЕА СКОПЈЕ (ИЗСГ ПРИРОДНИК) НА РЕКОРДНО НАЈВИСОКО МЕСТО!

03.12.2016

ЕГЕА или Европската географска асоцијација на студенти и млади географи, секоја година го вреднува трудот и работата на своите ентитети (географски друштва), а за таа намена  издава своја ранг листа. Оваа ранг листа, покрај тоа што служи како еден вид на мотивација за географските друштва, да се трудат и работат многу повеќе, има за цел да ја определи распределбата на поволностите кои ги дава ЕГЕА, претежно се работи за распределба на местата за учество на ЕГЕА конгресите, односно ентитетите кои се подобро рангирани добиваат повеќе места за учество и имаат предност пред останатите ентитети.
15281127_10209540451440498_552474324_nОваа година, Егеа Скопје за првпат во своето 12 годишно постоење, се најде меѓу 10-те најдобро рангирани ентитети од Европа, односно на високото 7-мо  место. Ова е одлична вест за сите нас и претставува уште поголем мотив да продолжиме со работа и да се надеваме дека некогаш ќе успееме да го повториме, но и да го подобриме овој историски пласман. Уште помотивирачка вест е фактот што ЕГЕА Скопје е еднинствениот ентитет од Евромедитеранскиот регион, кој се најде меѓу првите 10 ентитети од Европа.  Од регионалните ентитети, ЕГЕА Барселона се наоѓа на 13-то место,  ЕГЕА Белград на 17-то, ЕГЕА Загреб на 18-то, ЕГЕА Љубљана на 28-то место итн. Сите овие ентитети некогаш се чинеа недостижни за нас, ако го земеме фактот дека ЕГЕА Скопје отсекогаш била помеѓу ентитетите со скромен успех, а овие ентитети меѓу најдобите 20, но со напорна работа и желба за успех успеавме да се избориме за овој историски ранг. Инаку, пред нас се ентитетите: Темишвар, Брно, Утрехт, Краков, Грац и Цирих кој се наоѓа на првото место.

Овој ранг е добиен благодарејќи на неколкуте настани организирани од страна на ЕГЕА Скопје во текот  на оваа година, пред се Евромедитеранскиот конгрес одржан во Охрид, и пред настанот за овој конгрес одржан во Крушево.

Се надеваме дека овој ранг ќе биде голем мотив за следните години и генерации да работат уште повеќе и да успеат некогаш да го подобрат.

Подготвиле: Тоше Столески и Дарко Стојчески

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: ,

Leave a Reply

*