Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Британска експедиција за откривање на „изгубените” метеорити на Антарктикот

Британска експедиција за откривање на „изгубените” метеорити на Антарктикот

5.02.2017

Метеоритите доаѓаат од различни места од Сончевиот систем. Повеќето метеорити потекнуваат од астероиди, кои се остатоци од материјали од кои се создадени и планетите. Иако метеоритите паѓаат рамномерно на целата Земјина површина, повеќе од две третини од вкупниот број на пронајдени метеорити се најдени на Антарктикот, што делумно се должи на контрастот помеѓу белата површина на Антарктикот и темни метеорити над површината. Поради тоа Антарктикот би требало да биде совршено место да се најдат метеорити. Тоа пред се се должи на движењето на мразот, кое метеоритите закопани во мразот повеќе стотици години, ги транспортира и концентрира кон едно место до локални подрачја на површината познати како метеоритни зони. Ова овозможило бројни успешни мисии за собирање на метеорити од тие зони уште од 1970-те, кои им даваат извонредни сознанија на научниците за составот на нашиот Сончев систем, а посебно за градбата на Месечината и Марс. Меѓутоа, на Антарктикот се пронајдени многу помалку „железни“ метеорити отколку на друго место на Земјата. Причината за нивниот недостатокот, се до сега беше мистерија. Железните метеорити се многу интересни за истражувачите, бидејќи тие се формирале од јадрата на малите планети во раниот развој на Сончевиот систем. За да ни стане појасно, научници од Велика Британија ќе се упатат кон Антарктикот во 2020-та година во потрага по “изгубените” метеорити. Се верува дека метеоритите се наоѓаат само неколу метри под замрзнатата површина. Тимот на научници планира да развие технологија базирана на метал-детектори. Oвие трагања по железни метеорити кои се создадени во јадрата на малите планети со директни судари, можат да откријат докази за создавањето на планетите. До декември 2015 година, на Антарктик се откриени и собрани 35 000 метеорити, што е 66,3% од вкупниот број на пронајдени метеорити во Светот. Ова е збунувачки бидејќи метеоритите би требало да се распределени униформно по целата површина на Земјата. Од друга страна, железните метеорити најдени на Антарктикот учествуваат со 0,7%, а на другите делови на Земјата со 5.5%! Ова сугерира дека еден или повеќе физички механизми резултираат со помалку паѓање на железни (метални) метеорити на Антарктикот во однос на другите подрачја.
Тимот истражувачи на Универзитетот во Манчестер, постави хипотеза дека железните метеорити недостасуваат поради поинтензивното топење на мразот покрај нив (во однос на останатите метеорити), со што тие длабоко пропаѓаат и се прекриваат со нов снег и мраз. Затоа, тимот ќе врши детални истражувања со многу осетливи метал-детектори, кои ќе регистрираат метални метеорити до длабочина од 10-50 и повеќе метри. Истражувачите ја означија 2020-та како година кога експедицијата треба да започне и 2019-та како година за прелиминарна посета на Антарктикот, со мала мисија на островот Свалбард. Ако е успешна, оваа експедиција ќе помогне на научниците да го декодираат потеклото на Сончевиот Систем, планетите и другите небесни тела во него. Тимот планира да работи на три локации на Антарктик, оддалечени илјадници километри од најблиските истражувачки станици. Според тоа, во блиска иднина не очекуваат интересни резултати и нови сознанија, кои можеби ќе придонесат и за полесно толкување на постанокот на нашата сопствена планета.
Извори:
• http://www.dailymail.co.uk/sciencetech/article-4186274/Experts-head-Antarctica-search-lost-meteorites.html
• http://astronomija.mk/meteori/
• https://phys.org/news/2016-02-lost-meteorites-antarctica.html

Подготвила: Наталија Крстевска, студент на ИГ.

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*