Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Наставни » Посета и предавање на професори од Географскиот факултет на Универзитетот во Белград

Посета и предавање на професори од Географскиот факултет на Универзитетот во Белград

10.04.2017

Во периодот од 5-7 април, во посета на Институтот за географија беа проф. д-р Предраг Манојловиќ и доц. д-р Сања Манојловиќ од Географскиот факултет при Универзитетот во Белград. Во рамките на посетата, на 6 април (четврток), од 10-12 часот, гостите одржаа две предавања од областа геоморфологија, под наслов:

  • Хемиска ерозија како геоморфолошки процес (од д-р Предраг Манојловиќ) и
  • Рецентни промени на транспортот на суспендираниот нанос во реките во Србија (од д-р Сања Манојловиќ).

 

Географка посета Београд
Двете предавања беа проследени со исклучително внимание и интерес од 50-тина студенти, наставници и соработници од Институтот за географија. Освен тоа, присутните, од страна на гостите беа запознаени со работата на Географскиот факултет во Белград и особено Заводот за физичка географија на овој факултет. Гостувањето беше во склоп на договорот за меѓусебна соработка помеѓу двете институции и продолжение на веќе воспоставената практика за гостувачки предавања-презентации на наставниците пред студентите. Во неформалниот дел, со колегите од Белград се разговараше за продлабочување на соработката преку можна студентска размена, посета на студенти, заеднички теренски активности, истражувања и сл.

Инаку, Институтот за географија, во рамките на своите можности, постојано се труди да воспостави што е можно поголема меѓународна соработка и комуникација со географските и сродни институции од регионот и пошироко. Овој тренд во идниот период ќе продолжи со уште позасилено темпо.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

 

Објавено од:

Од категорија: Наставни

Leave a Reply

*