Мегалитската опсерваторија Кокино

20.12.2011. Автор: Рената Здравеска

Археолошкиот локалитет “Татиќев Камен”, денес повеќе познат како Мегалитска опсерваторија Кокино (според астрономските анализи кои ја потврдија неговата употреба како место од каде се следени и бележени карактеристичните позиции на сонцето и месечината) се наоѓа во близина на селото Кокино (од каде и самото име на опсерваторијата), во рамките на општината Старо Нагоричане, на околу 35 км североисточно од Куманово.
Просторот кој го зафаќа маегалитската опсерваторија е веднаш под планискиот врв Татиќев Камен со димензии од 90м во насока исток-запад и 50 м во насока север-југ. Гледано во трета димензија, содржините на опсерваторијата се распоредени во две платформи: источна и западна од кои источната е за 20м повисока од западната. Имајќи го во предвид значенњето на карпестите масиви на чии врвови се изработени маркери со археоастрономска вредност, може да се тврди дека древната опсерваторија го опфаќа внатрешниот простор опишан со изохипсата 980 м.
Географските координати на локалитетот се 42°15’47’ северна географска ширина и 21° 57’ 32’ источна географска должина.
Локалитетот е сместен на еден неовулкански рид (1013 метри надморска височина) кој доминира над својата поширока околина. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.
На опсерваторијата Кокино се откриени три камени маркери за од- бележување на местата на изгревање на Сонцето во деновите на краткодне- вница, долгодневница и на рамнодневница. Исто така, постојат четири камени маркери за одбележување на местата на изгревање на Месечината во деновите на најголемиот застој на Месечината во лето и во зима. Во текот на истражувањата во последниве неколку години се покажало дека постојат и два камени маркера кои служеле за мерење на должината на лунарниот месец. Општопознато правило во астрономијата е дека месечината се појавува на најсеверната точка од небото на секои 18, 6 години така што набљудувањата на нејзините положби треба да се следат најмалку во текот на 40 години на 18,6 години. Од камените маркери на Мегалитската опсерваторија Кокино маркерот на летната долгоденица е добро сочуван, маркерот на пролетната и есенска рамноденица малку е оштетен, а најголеми оштетувања претрпел маркерот на зимската краткодневница. Овие оштетувања се должат најверојтно на катастрофалните земјотреси. Месечината има малку покомпликувано движење и обележувањата на местата на изгревање на полната Месечина на хоризонтот се многу тешки. Наједноставно е да се каже дека во текот на зимата таа се движи на небото на места каде што се движи Сонцето летно време, а летно време на местата на небото каде што се движи Сонцето зимно време. Затоа околу маркерите на летната долгодневница и на зимската краткодневница лево и десно треба да има по два камени маркери кои ќе ги означуваат местата на изгревање на полната Месечината во, за неа, карактеристичните екстремни позиции. Овие камени маркери исто така постојат на просторот на древната опсерваторија. За да локалитетот биде опсерваторија треба да е исполнет уште еден многу важен услов. Сите седум маркери треба да се гледаат од едно исто место, или линиите кои поминуваат низ маркерите треба да се сечат во една точка, која всушност е централна точка на опсерваторијата и која исто така е идентификувана на локалитетот. Најстариот откриен маркер на Кокино е од 1917 година пред наша ера.

Главен приоритет на околината (Козјачки предел) е развојот на туризмот.

Големиот број цркви и манастири, изобилството на културно – историски споменици и археолошки локалитети се туристички потенцијал на овој предел. Сепак, тој останува недоволно искористен, поради лошо развиената инфраструктура. Интересот на туристите за посета е голем, но кога ќе стигнат до самиот локалитет, тие се препуштени на природата. Тешкотијата по патиштата и отсуството од угостителски објекти се главни проблеми кои треба да се надминат.
Импозантноста на древната опсерваторија (стара околу 4000 години) е потврдена од НАСА рангирајќи го високо на четвртото место на листата од ваков тип. Со тоа, Македонија е промовирана во светот и нејзина должност е да го приближи Кокино до посетителите преку различни туристички проекти.
Со вложување на различни средства: изградба на хотели, планинарски домови, антикварници, поставување на патоказни, информативни табли и подобрување на комуникациските врски, Кокино би станал столб на руралниот туризам.
Кокино како добро развиено туристичко место ќе придонесе за развој на сиромашната и опустошена Козјачија, обезбедувајќи и на Македонија промоција во светски размери.

Литература:

Cenev Gjore. (2002): Megalithic Оbservatory in Kokino, Museum Gazette vol. VII-IX, p. 49–68, National Museum Kumanovo, 2002.
http://kokinoobservatory.mk/za_kokino.html
http://www.kumanovo.ca/kumanovo/lokaliteti.shtml

Подготвила: Рената Здравеска

Оваа статија е прочитана 8357 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *