Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » По Светот » Каде се складира нуклеарниот отпад?

Каде се складира нуклеарниот отпад?

Радиоактивност е својство на некои врсти на атоми да ja променуваaт нивната атомска структура и притоа да емитираат енергија во вид на зрачење. Таа промена се нарекува радиоактивно зрачење. Кога се зборува за опасностите од зрачењето обично се мисли на јонизирачкото зрачење. Тоа е зрачење кое има доволно енергија за да се јонизираат атомите во телото. Како резултат на тие јони се нарушуваат биохемиските процеси во клетките , кои можат да доведат до пореметување во нивното функционирање и споделување и со тоа да се дојде до една сериозна болест како што е ракот. На јонизирачко зрачење обично се подразбира α, β, γ и х зраците, космичките зраци и неутроните.

За да се спречи ослободувањето на радиоактивноста од нуклеарните централи каде што се применува оваа многу опасна материја, треба да се предвидат низа заштитни мерки. Човекот мора да мисли на таканареченото трикратно осигурување кое ќе ја оневозможи радиоактивноста. Заштитните уреди и бетонската купола не треба да се сметаат за конечни мерки за заштита. Стручнаците ќе мораат да изнајдат други сигурносни мерки со цел да не се пофторат катастрофите до кои дојде во последните децении. Се разбира и нуклеарните централи имаа свој век на траење. Се смета дека тие можат да траат 20 до 40 години. Се поставува прашањето како тие ќе бидат конзервирани, зошто радиоактивните материи имаат способност да здрачат и илјада години. Покрај тоа треба да се реши прашањето на складирање на отпадните нуклеарни материи.

Сега тие се складираат во посебни бетонски или лимени сандаци кои се пуштаат во морските длабочини или во подземните простории. Нивното зрачење е мошне ризично за околината не само за нашите генерации туку и за генерациите што доаѓаат. Иако некои земји не поседуваат атомски или нуклеарни централи и други нуклеарни постројќи, тоа не значи дека се ослободени од радиоактивното зрачење. Најголемиот број на нуклеарни централи се сместени во Западна Европа, Северна Америка, Јапонија и во други земји. До осумдесетите години во светот имаше околу 350 нуклеарни електрани, во градба се уште 217, а се планираат уште околу 140 нуклеарни централи.

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

Објавено од:

Од категорија: По Светот · Tags: , ,

Leave a Reply

*