Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Наставни, Отворено... » КОНТРАДИКТОРНО ОБРАЗОВАНИЕ

КОНТРАДИКТОРНО ОБРАЗОВАНИЕ

25.12.2011.  Автор: д-р Благоја Маркоски

Неодамна медиумски беше прикажано како некои високо образовни струки во Република Македонија се суфицитарни, така што за некои беше предложено да се затворат, мируваат или да работат редуцирано со помал број студенти.
Ќе биде голема неправда и антинационално, ако струки од национален интерес како на пример македонски јазик, географија и историја, па дури и било која друга струка да се редуцира. Ова од аспект што се судира со концептот: сите во средно образование, проектот 45, енормното отворање на приватни универзитети и факултети, дуплирање на факултети од исти бранши каде без соодветен кадар се спроведува неквалитетно образование.
Во такви констелации и државното образование присилно се стави во улога да биде бизнис ориентирано. Но кај него мо`е да се интервенира од страна на државата со намалување на квотите за упис на студенти, атоа значи дека таму каде што има најброен и најквалитетен универзитетски кадар требало да се запре продукцијата на квалитетни дипломирани кадри, а на штотуку отворени факултети и насоки на особено кај приватните универзитети се дава предност за сметка на квалитетот.
Значи, ако образованието е поставено како бизнис ориентирана дејност, тогаш да оставиме во услови на пазарна економија секој да се снаоѓа според својот квалитет и можности.

На крајот на краиштата, високообразовната личност мора да обезбеди работа за други, а не да се моли за работа за себе. Да ја победиме мрзата, да го раздвижиме духот, креативноста и трудољубивоста, а не на креативните и трудољубивите да им ја одземеме работата, така што и тие ќе дојдат пред бирото за вработување. За мсетка на тоа, поради поставеноста на системот приватните високообразовни институции ќе продолжат да продуцираат секакви кадри, ќе делат дипломи, магистратури и докторати со сомнителен квалитет, а некои како во времето во Уганда кога за неколку години од војник се стануваше генерал чудно напредуваат. Како ќе се заврши?

Да внимаваме на квалитетот.

Проф. д-р Благоја Маркоски

Оваа статија е прочитана 5284 пати!

Објавено од:

Од категорија: Наставни, Отворено... · Tags: ,

Еден одговор на "КОНТРАДИКТОРНО ОБРАЗОВАНИЕ"

  1. Student says:

    Vo prevo ste profesore Markovski , na privatnite fakulteti se stancaat diplomi a nie kako studenti na drzavniot univerzitet ucime kako nikoj drug i posle da se zatvorele nekoi fakulteti , dole nekvalitetnoto privatno obrzovanie koe gi deri studentite so iljadnici evra , kade nie posiromasnite studenti da gi najdeme tie pari. zatoa profesore Markovski nie Ve pozdrzuvame so se sto e gore napisano

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger