Реализирано стручно предавање на Географскиот факултет во Белград!

20.04.2018

На покана на Географскиот факултет при Универзитетот во Белград, на 11 април 2018 година од страна на д-р Никола Панов и м-р Христина Димеска од Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, беше изведено стручно предавање за студентите и дел од наставниците на Факултетот.

На настанот кој предизвика голем интерес беа присутни студенти на насоките: наставна географија, туризам, демографија и просторно планирање, но и наставници и соработници од Факултетот.


Предавањето на проф. д-р. Никола Панов беше со наслов „Природно-географски и социо-економски карактеристики на Македонија“, во кое професорот ги претстави основните географски обелжја на Република Македонија, како во однос на физичките карактеристики, така и во однос на основните демографски обележја и трендови во земјава.
Предавањето на м-р Христина Димеска носеше наслов „Генерален преглед на туристичкиот промет во Република Македонија“, со осврт на туристичките текови за претходната, 2017 година. Во рамките на предавањето беа посочени и водечките фактори кои ги генерирале евидентираните достигнувања, како и актуелните проблеми и предизвици со кои се соочува македонскиот туризам, а беше дадена и компартивна анализа на случувањата во однос на туризмот во двете земји, Македонија и Србија.

Во неофицијалниот дел, бевме примени од раководството на Географскиот институт „Јован Цвијиќ“ од Белград, Деканот – д-р Дејан Филиповиќ, проф. д-р Гордана Војковиќ, проф. д-р Мирјана Гајиќ и проф д-р Мирољуб Милинчиќ, а беше договорена и натамошната соработка помеѓу двете институции, како и можноста за организирање на заеднички теренски настави, размена на студенти и истражувачи, но и разни други облици на соработка.
Се надеваме дека ваквата соработка помеѓу двете институции во иднина ќе продолжи и ќе се зајакне.

Подготвил:
М-р Христина Димеска

Оваа статија е прочитана 3716 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published.