Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Archive

Натпревари по географија во време на пандемија

Натпревари по географија во време на пандемија

28.07.2021 Македонското географско друштво оваа година во невообичаени услови за работа и ограничувања кои ги наметна пандемијата со Covid 19, ги реализираше натпреварите по географија за средните училишта на општинско (19 март 2021), регионално (17 април 2021) и државно ниво (7 мај 2021 година). Натпреварите се спроведоа on line на три платформи: Microsoft Teams, Zoom и Webex, истите оние на кои учениците натпреварувачи ја следеа наставата. Од вкупно 138 ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар во … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Наставни

Ладога – најголемото слатководно езеро во Европа

Ладога – најголемото слатководно езеро во Европа

28.07.2021 Езерото Ладога е најголемото слатководно езеро во Европа. Се наоѓа во регионот Карелија, северозападниот дел на Русија, источно од Балтичкото Море, на само 40 km источно од Санкт Петерсбург во близина на границата со Финска. Се протега помеѓу 40 и 65° северна географска ширина. Зафаќа површина од 17675 km2 (без островите) или споредбено значи дека зафаќа скоро 69% од територијата на Македонија (25713 km2). Се наоѓа на надморска височина од само 5 m. Има издолжен … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Село Богомила – оаза на недопрена природа!

Село Богомила – оаза на недопрена природа!

27.07.2021 Меѓу селските населби кои пленaт со својата местоположба, селото Богомила изобилува со вистинска природна убавина. Поставено помеѓу високите планини, од двете страни на реката Бабуна, свиена како во гнездо, Богомила е парче недопрена природа. Привлечно место за сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж, џаорот и нечистата животна средина. Поседува разновидни атракции кои можат на еден посетител да му приредат пријатен и незаборавен престој. Има содржини за сечиј вкус, за семејни луѓе, за … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Географски вести, На тема

Пред околу 10 милиони години, на просторот на денешната Скопска котлина живееле „џиновски“ слонови

Пред околу 10 милиони години, на просторот на денешната Скопска котлина живееле „џиновски“ слонови

26.07.2021 За време на своите екскурзии во 1930 година во околината на Скопје, познатиот и еминентен географ проф. Петар С. Јовановиќ, во долината на потокот Мали Мост, во близина на селото Нерези (Скопско), во песокливи неогенски наслаги, испод тогашен рудник за лигнит, нашол коски и фосилни остатоци од еден вид предок на денешен слон (Mastodon Angustidens), кој за време на геолошката епоха горен Миоцен, поточно во катот Тортон (11.608 – 7.246 милиони години), живеел на овие … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

02.07.2021 Во Преспанска Котлина се сместени двете прекрасни Преспански езера – Големо и Мало езеро, а во околината на Преспа се наоѓаат голем број на села кои изобилуваат со своја убавина и кои се посетени од голем број на туристи. Секако, едно од тие села е малото место наречено Крани, кое под свои закрила го држи автокампот „Крани“, што крие голем потенцијал, преубави капацитети и природни убавини. Крани е вистинско место за одмор, опуштање и релаксација. Крани … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Топ 10 атрактивни домашни дестинации за ова лето

Топ 10 атрактивни домашни дестинации за ова лето

24.06.2021 Иако летото е годишно време кое асоцира на море, сепак Македонија е земја која располага со голем број туристички атракции кои изобилуваат со извонредна „летна убавина“. Далеку од градската гужва и вообичаените летни дестинации, во прилог се издвоени 10 атракции во Македонија, кои со својата уникатност пленат со својата убавина и се прикладни места за да „избегате“ од летните горештини. 1.Трпејца Трпејца е село сместено на брегот на Охридското Езеро и е старо повеќе од околу десет … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Војводата Веле Марков (1870-1902). Сеќавања на настаните од Ракитничката провала

Војводата Веле Марков (1870-1902). Сеќавања на настаните од Ракитничката провала

23.06.2021 Општи биографски податоци На 12.2.1870 г. во селото Селце, Крушевско, во семејството Марковци е роден Македонскиот социјалистички трибун и револуционер, Крушевскиот апостол, војводата Веле Марков, од сиромашните родители – Марко и Стојна Андрески кои имаа уште еден син по име Грујо и ќерка Бона. Марко го хранеше семејството со слугување кај турските чифликсајбии, особено кај неблагодарниот Осман Балабан од селото Житоше. Како десетгодишно момче, откога научил да чита и пишува кај учителот Павле, идниот војвода Веле … Read entire article »

Filed under: На тема

Мистеријата за пирамидите во Гиза

Мистеријата за пирамидите во Гиза

17.06.2021 Мистеријата отсекогаш не фасцинирала и ни давала некој мотив се повеќе да ја истражуваме нашата Земја. Токму таа мистерија е карактеристична и за пирамидите во Гиза. Градот Гиза, се наоѓа во северниот регион на Египет, на западниот брег на реката Нил. Претставува трет по големина египетски град, зад Каиро и Александрија, а неговата стратешка локација во близина на некогашната, античка престолнина на Мемфис, го направи важен град низ египетската историја. Комплексот на мистериозните пирамиди во Гиза … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, Отворено..., По Светот

Извори на податоци во далечинската детекција

Извори на податоци во далечинската детекција

16.06.2021 Evelyn L. Pruitt е познат географски истражувач од Соединетите Американски Држави која се залагала за примената на далечинската детекција во географијата, но и за разни теренски истражувања на меѓународно ниво. Нејзините залагања се одвивале во период од 40-те до 70-те години на 20-от век, а воедно таа ја дава следнава дефиниција за оваа проблематика која гласи: “Далечинската детекција е наука и уметност за идентификување, набљудување и мерење на предмети и објекти без да се дојде … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

14.06.2021 Северниот дел на Италија е еден од најразвиените делови во Европа. Од автомобилската индустрија, па се до туризмот, овој дел може да се пофали со многу атракции. Во овој дел се наоѓаат и некои од најголемите градови како што се Рим, Милано и Торино. Но, покрај големиот број на познати атракции во овој регион, селата во овој дел се сметаат за еден вид на скриено богатство. Kарактеристичната архитектура, специфичните тесни улички и преубавите пејсажи се … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

14.06.2021 Патувањето е една од најисполнителните работи за секој човек. Сите ние патуваме од различни причини. Некој патува со цел да се одмори и рекреира, некој со цел да спортува, некој патува со цел да запознае нови луѓе и култури и слично. Во овој случај, Црна Гора е мала земја, но со изобилство на природни убавини, културни знаменитости и можности за патување, уживање, одмор и туристичко разгледување. Таа е земја на море и планина, чиста природа … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

26.05.2021 Никифорово е село кое е дел од НП Маврово и се наоѓа на падините на планината Бистра, на западната магистрала помеѓу селото Леуново и селото Маврово, на надморска височина од 1250 m. Поврзано е со асфалтниот месен пат P-413 со соседните села Леуново и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро, а од градот Гостивар е оддалечено околу 32 километри. Низ селото тече Никифорска (Петилепска) река која се влева во Мавровско Езеро. Постојат легенди и преданија … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Берово – Македонската Швајцарија!

Берово – Македонската Швајцарија!

25.05.2021 Ако сакате да дознаете од каде „изгрева сонцето“ во Македонија, упатете се на исток кон малото планинско гратче Берово, кое е сместено под падините на Малешевските планини, обиколено со борова, букова и дабова шума. Низ крошните и височините на дрвјата, ѕирка Беровското езеро кое ви дава чувство на недопрена убавина, која вреди да се види и доживее. Берово е град кој се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Регионот Тоскана во Италија од географски аспект

Регионот Тоскана во Италија од географски аспект

23.05.2021 Регионот Тоскана е сместен во централниот дел на Апенинскиот Полуостров, односно во средишниот дел на Италија. На западната страна Тоскана излегува на Лигурско и Тиренско Море, додека на исток и североисток е опкружена со Апенините. Има површина од околу 23000 km2 и на овој простор живеат 3,73 милиони жители. Регионот Тоскана се граничи со регионот Лигуриа на северозапад, Емилиа – Ромагна на север, Марче на североисток, Умбриа на исток и Лацио на југоисток. Имено, Тоскана … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Езерото Водоча – синото око на Струмица

Езерото Водоча – синото око на Струмица

14.05.2021 Езерото Водоча се наоѓа во непосредна близина на градот Струмица, со координати 41°25’1″N, 22°33’23″E, на околу 7 km западно од градот. Претставува акумулационо езеро кое е изградено во 1966 година со цел да снабдува со вода дел од Струмичката котлина. Се наоѓа на сливот на реката Водочница. Со површина од 1,9 km² и длабочина од 42 метри, езерото Водоча претставува едно од поголемите акумулации во источниот дел на Македонија, заедно со езерата Гратче и Мантово. Подрачјето … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Историјата на пазар, географскиот простор заборавен

Историјата на пазар, географскиот простор заборавен

09.05.2021 ЗА ГЕОГРАФСКИОТ И ИСТОРИСКИОТ КОНТИНУИТЕТ НА  МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА Мешање на политиката во науката Заради мешање на политиката во науката, неуки политичари си земаат за право да формираат разно разни комисии од кои се очекува да дадат некое мислење, кое тие политичарите/политикантите ќе можат да го користат како алиби за нивните наводни големи дипломатски достигнувања, па и ако се на штета на сопствената држава и нација. Во тој контекст се формирани и меѓудржавните комисии меѓу … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Интересни факти за планината на виножитото во Перу

Интересни факти за планината на виножитото во Перу

06.05.2021 Перу, третата јужноамериканска држава по големина, зафаќа површина од околу 1300 милиони km2, позиционирана меѓу Еквадор, Бразил, Колумбија, Боливија и Чиле и секако моќниот Пацифик на запад. Површината на оваа држава е околу 50 пати поголема од површината на Република Македонија. Целата Перуанска територија припаѓа на Андите и Амазонија. Оваа држава географски се дели на 3 зони: Западна или Пацифичка или Коста зона (шп. costa – морски брег) која е главно пустинска територија во која има … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Зошто Истанбул го нарекуваат „главен град на светот“?

Зошто Истанбул го нарекуваат „главен град на светот“?

03.05.2021 Истанбул се наоѓа на северозападниот дел во Турција. Градот го опфаќа јужниот дел на Босфор, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствениот  град  на два континента, кој се наоѓа на крстопатот на Европа и Азија. Овој град е престолнина која остава без здив, без разлика дали зборуваме за историјата, бројните занимливости и активности, со сите мириси и вкусови кои овој град ги пружа. Западниот дел … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Внатрешното Море во Малта – лагуна и вртача

Внатрешното Море во Малта – лагуна и вртача

23.04.2021 Внатрешното Море (познато на малтешки јазик како Кавра) е лагуна и една од четирите вртачи што се наоѓаат во областа Двејра, Малта (на островот Гозо) и претставува најинтересна карактеристика во оваа област од геоморфолошка гледна точка. Тунел долг 80 метри, познат како Гар тад Двејра го поврзува Внатрешното Море со отворено море, а механизмот на овој тунел е тесно поврзан со формирање на абразивни прозорци како што е сега срушениот Азурен Прозорец. Токму овој тунел може … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Стандардизација и стандарди од областа на туризмот во Република Македонија

Стандардизација и стандарди од областа на туризмот во Република Македонија

06.04.2021 За потребите на истражувањето направена е анализа, со која се оценува примената и придобивките од стандардите во областа туризам и сродните услуги, со цел на заинтересираните страни да им се обезбедат критериуми за донесување информирани одлуки кои обезбедуваат одржливост во работењето. Стандардизацијата помага во развојот на бизнисот и стратегиите на компаниите, преку воведување на стандарди внатре во самата компанија заради поквалитетни производи и поголема продуктивност. Стандардите и процесот на стандардизацијата, претставуваат алатка за економски и … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема