Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "Бојана Алексова"

Успешно реализирана првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени

Успешно реализирана првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени

03.10.2020 На ден 29.10.2020 година, се одржа првата Студентска Конференција за Глобални Климатски Промени. Заради состојбата со пандемијата, конференцијата се одржа on-line, на платформата “Zoom”. На настанот учествуваа шест млади истражувачи (студенти и дипломци) од неколку различни факултети, кои ги презентираа своите трудови на една од најактуелните теми во светот – влијанието на климатските промени согледано од повеќе аспекти. Конференцијата ја отвори главниот координатор на Студентската Конференција за Глобални Климатски Промени – Јане Влахов, а огромна подршка … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, На тема

Глечерот Мингјонг во Тибет се топи со огромна брзина!

Глечерот Мингјонг во Тибет се топи со огромна брзина!

14.10.2020 Глечерот Мингјонг е еден од најголемите глечери во Кина. Се наоѓа на планинскиот венец Меили, во југозападната Кинеска провинција Јунан, на 2700 m надморска височина. Тој е најнизок и најјужен глечер во Кина. Се смета дека глечерот во подножјето на планината се повлекува со невидена брзина секоја година и дека за многу брзо време ќе се стопи. Од 1970-та година загубил дури една четвртина од својот мраз. Научниците анализирале сателитски снимки, преку кои заклучиле дека … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Утре на северната хемисфера започнува есента!

Утре на северната хемисфера започнува есента!

21.09.2020 По доста жешкото и сушно лето, утре на 22 септември (267-иот ден во годината), во Македонија и на северната хемисфера, календарски ќе започне есента. Во Македонија, таа официјално ќе пристигне во 15.30 часот по средноевропско време. Во првиот ден на есента, денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат подеднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта). Во првиот есенски ден, … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Најстарите езера во светот!

Најстарите езера во светот!

16.08.2020 Често пати сме се запрашaле кои се најстарите езера во светот, каде се наоѓаат и колку всушност  изнесува нивната старост. Во оваа статија ќе се обидеме да дадаме одговор на овие прашања, врз основа на истражувањата на многумина геолози, истражувачи и научници. Во продолжение следува листа на 8-те најстари езера во светот. Езерото Зајсан Езерото Зајсан е најстарото езеро во светот, иако неговата точна старост не може да се утврди прецизно. Се наоѓа во источниот дел на … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Мегапроект што може да го промени светот: Се гради најсложената машина во историјата на нашата цивилизација!

Мегапроект што може да го промени светот: Се гради најсложената машина во историјата на нашата цивилизација!

16.08.2020 Во јужниот дел на Франција неодамна започна изградбата на најсложената машина во историјата на нашата цивилизација – ИТЕРА, која ќе трае наредните пет години. Станува збор за огромен научен проект во кој соработуваат голем број на земји и е вреден 20 милијарди евра. Овој мегапроект, за кој се верува дека може да го промени светот има за цел да ги реплицира процесите што се случуваат во Сонцето, односно да се овозможи создавање на енергија преку … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Тибет – најголемата и највисоката висорамнина во светот!

Тибет – најголемата и највисоката висорамнина во светот!

28.06.2020 Кога зборуваме за Тибет, многумина мислат дека се однесува на Тибетскиот Автономен Регион – ТАР, со главен град Ласа. Всушност, тоа е пространа висорамнина во Централна Азија, на просечна надморска висина од 4.900 m, од која најголем дел е во состав на Народна Република Кина. Тибет е еден од најзначајните региони во светот и се нарекува „покрив на светот“ или „третиот пол во светот“, затоа што тука се заробени 15% од светскиот мраз, односно огромна … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Поларните предели на Земјата – Арктик и Антарктик

Поларните предели на Земјата – Арктик и Антарктик

01.06.2020 Антарктик е континент кој се наоѓа околу Земјиниот Јужен пол. Во литературата често како граница на овој континент се зема Јужниот поларен круг. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз. Воедно Антарктикот претставува и најголемата пустина во светот. Со површина од 14,200,000 km2, тој е петтиот континент по големина, по Азија, Африка, Северна и Јужна Америка. Сепак, убедливо најмалку е населен и нема постојано насление. Овој мистичен континент е … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Лагуна Верде и Лагуна Колорада – најфасцинантните солени езера во Јужна Америка

Лагуна Верде и Лагуна Колорада – најфасцинантните солени езера во Јужна Америка

05.05.2020 Во северниот дел на Чиле, на граница со Боливија, односно во подножјето на вулканот Ликанкабур се сместени едни од најинтересните лагуни во светот, а тоа се Лагуна Верде и Лагуна Колорада. Лагуна Верде (Зелена лагуна) е солено езеро кое се наоѓа во југозападниот дел на висорамнината Алтиплано во Боливија (близу границата со Чиле), во подножјето на вулканот Ликанкабур. Ова езеро своето име го добило по зеленкастата боја. Езерото се наоѓа на 4300 m надморска височина, при … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Висорамнината ,,Алтиплано” – една од најголемите, највисоките и најфасцинантните во Светот!

Висорамнината ,,Алтиплано” – една од најголемите, највисоките и најфасцинантните во Светот!

01.05.2020 Андите (Аконкагва, 7035 m) претставуваат планински венец кој се наоѓа долж западниот дел на Јужна Америка. Овој планински венец кој се протега од Венецуела на север (околу 10º с.г.ш.), па сè до јужните делови на Чиле на југ (Патагонија, над 50º ј.г.ш.) е долг над 8000 km, а широк над 800 km. Процесот на настанување на овој планински систем започнал пред околу 180 милиони години со подвлекувањето (субдукција) на плочата Наска (на која лежи Тихион … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Земјата ја демне космичка непогода

Земјата ја демне космичка непогода

19.03.2020 Во следните 100.000 години, се чини дека нашата планета Земја ќе има две сонца, со оглед на тоа што веројатно за тој период ѕвездата Бетелгејз најверојатно ќе доживее супернова експлозија. Оваа ѕвезда е речиси 20 пати помасивна од Сонцето, но има животен век од само 10 милиони години. При таква експлозија на супернова, со оглед на малата оддалеченост на оваа ѕвезда од Земјата, ноќното небо би било мошне осветлено. Веројатно, ѕвездата би била јасно видлива … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

10-те најсветли ѕвезди на ноќното небо

10-те најсветли ѕвезди на ноќното небо

27.02.2020 Многумина мислат дека ѕвездата Северница или Поларис е најсветлата ѕвезда на ноќното небо. Сепак, вистината е дека од неа има повеќе од 40-тина посветли ѕвезди. Затоа, ви го претставуваме списокот на 10-те најсветли или најсјајни sвезди, што може да ги забележите на нашето ноќно небо. 1. Сириус (Алфа Канис Мајорис) Најсветлата sвезда на ноќното небо е Сириус. Сместена е на југ од небесниот екватор на -16,7° и е видлива од речиси целата Земја. Со магнитуда од 1,5 … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Откриена досега најстарата позната ѕвезда во Вселената

Откриена досега најстарата позната ѕвезда во Вселената

29/01/2020 Тим на астрономи, користејќи го Хабловиот телескоп на НАСА, направија голем исчекор во одредување на точното време на формирање на ѕвездата, која ја следат веќе подолг период. Според нивните анализи, веројатно таа е една од најстарите досега познати ѕвезди со релативно прцизна старост. Првичните пресметки покажуваат дека оваа ѕвезда наречена Мефусел или означена како HD140283 е стара околу 14,5 милијарди години (+/- 0,8 милијарди години), што на прв поглед би значело дека е постара дури … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Сингапур – градот на иднината

Сингапур – градот на иднината

12.01.2020 Сингапур е мала (704 km2) островска држава во јужниот дел на Малајскиот полуостров, составена од 63 острови. Се наоѓа на само 140 km северно од екваторот, а главен и единствен град е милионскиот Сингапур. Како островска земја е одвоена од Малезија со теснината Јохор на север, а од Индонезија со островите Риаоу на југ. Сингапур е силно урбанизиран, но речиси половина од државата е покриена со зеленило. Најголемиот остров е Пулау Уџонг, уште наречен Сингапурски остров … Read entire article »

Filed under: По Светот