Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Search Results for "природни непогоди"

За поплавата од 6 август: од мој агол

За поплавата од 6 август: од мој агол

20.08.2016 Тоа сончево попладне, на 6.08.2016 година, по стручните презентации и теренските екскурзии со студентите од летната школа за зачувување на природата во Делчево, заедно со професорката од Филозофскиот факултет, решивме да тргнеме за Скопје. По пријатни и неврзани муабети, некаде од Штип кон Велес добивме телефонска информација за големо невреме кое започнува во главниот град. Сепак, претпоставував дека како и обично, додека да стигнеме во Скопје, невремето ќе помине како ништо да не се случило. Сепак, го поминавме … Read entire article »

Filed under: На тема

Кои се причините за големата поплава на делови од Скопје, вечерта на 6.08.2016 година?

Кои се причините за големата поплава на делови од Скопје, вечерта на 6.08.2016 година?

7.08.2016 Вчера бевме сведоци на силно невреме во Скопје, во периодот од околу 18 до 21.30 часот. Невремето, следено со поројни врнежи, силен ветер и чести електрични празнења, предизвика поплави во делови од градот, на некои места со катастрофални последици, па и човечки жртви. На прв поглед сосема неочекувано, меѓутоа за ваквата појава постојат повеќе причини кои на кратко ќе ги елаборираме. Пред се, голем интензитет на врнежи за период од близу 4 часа. Според официјалните податоци на УХМР … Read entire article »

Filed under: На тема

Што е тоа LiDAR и за што се користи?

Што е тоа LiDAR и за што се користи?

1.07.2016 LiDAR (Light Detection and Ranging) технологијата првенствено претставува еден од клучните елементи на далечинската детекција. Тоа е релативно нов начин за собирање податоци кои обезбедуваат огромна количина на информации за објектите на земјината површина како и за земјините облици преку густо распоредени тродимензионални координатни точки, со што се добива исклучително висок квалитет на снимената површина. Ова е овозможено преку употреба на ласерски зрак кој го мери растојанието од објектот до скенерот. LiDAR системот е резултат на … Read entire article »

Filed under: На тема

Долгорочни временски прогнози. Каква ќе ни биде есента?

Долгорочни временски прогнози. Каква ќе ни биде есента?

22.09.2015 До пред десетина години беа речиси незамисливи прецизни временски прогнози за период подолг од 2-3 дена. Меѓутоа со користење на напредни технологии и глобална интеграција на податоците од метеоролошките станици, прецизноста на временските прогнози драстично се зголеми. Во тој правец, особено корисни се покажаа моќните суперкомпјутери со кои располагаат големите светски метеоролошки центри. Така, значителен напредок во временските прогнози на глобално ниво, се појави во 2010 година по инсталацијата на супермоќниот мега-компјутер Стратус (вреден 200 милиони долари; на сликата … Read entire article »

Filed under: На тема

Бесплатниот софтверски пакет QGIS стана сериозна ГИС алатка!

Бесплатниот софтверски пакет QGIS стана сериозна ГИС алатка!

22.09.2015 Со најновата верзија “QGIS 2.10. Pisa” која официјално излезе на 26 јуни оваа година, бесплатниот софтверски пакет QGIS (поранешен “Quantum GIS”) стана одлична замена за професионалниот, но за наши услови доста скап ArcGIS. Со последните промени, значително е подобрен графичкиот изглед на работните полиња и менија, подобрена е визуелизацијата на висински модели, гридови, растери, снимки и фото-подлоги, поедноставени се можностите за исцртување, корекција и поместување на векторски објекти, додадени се бројни алатки за просторни анализи, потоа … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Интересна научна конференција во Боровец-Бугарија, посветена на планинските региони

Интересна научна конференција во Боровец-Бугарија, посветена на планинските региони

17.05.2015 Во периодот од 13 до 16 мај, 2015 година, во зимско-спортскиот центар Боровец во Бугарија, беше одржана меѓународна конференција со тема: „Одржливи планински региони – да помогнеме да функционираат (Sustainable Mountain Regions: Make Them Work)„. Конференцијата беше организирана од Центарот за извонредност при Софискиот универзитет, како и повеќе партнер-организации од Бугарија. Главна цел на конференцијата беше изнесување на научна поткрепа за потребата од донесување на Конвенција за одржливо користење на планинските региони во Југоисточна Европа. … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Повторно се зголемува ризикот од поплави и свлечишта!

Повторно се зголемува ризикот од поплави и свлечишта!

27.03.2015 Долготрајните врнежи кои паѓаат на подрачјето на нашата држава веќе подолг период, предизвикаа натрупување на голема водена маса. Според проценка од извештаите, просечно за целата држава, во минатиот месец наврнаа над 100 мм врнежи, или вкупна водена маса од 4 милијарди метри кубни! Воедно, во следните 10-тина дена се очекува пораст на дневните температури, што може да предизвика забрзано топење на снегот во високите планински подрачја, превлажнување на подлогата и појава на „нестабилност“ со лавини, одрони и свлечишта. … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Сурова реалност: Македонија е меѓу последните држави во светот по издвојување за научно-истражувачка дејност!

Сурова реалност: Македонија е меѓу последните држави во светот по издвојување за научно-истражувачка дејност!

29.12.2014 Сосема јасно е дека без солидна наука, нема технолошки развој ниту добар универзитетски наставен кадар, а со тоа нема квалитетни студии и знаења. А без пари, нема наука, посебно во денешно време на големи технолошки достигнувања. Во Република Македонија, од нејзиното осамостојување до денес, издвојувањето за наука е речиси во константно опаѓање и тоа од околу 0,6% од БДП во почетокот на 1990-тите на нецели 0,2% (извор) во последните 13 години, што ни оддалеку не е доволно … Read entire article »

Filed under: Отворено...

За дроновите и нивната употреба во географијата!

За дроновите и нивната употреба во географијата!

3.10.2014 Дронови се беспилотни летала со кои се управува од помала или поголема далечина. Тоа се летала во форма на мал авион, хеликоптер, квадрикоптер, балон или некаква комбинација од наведеното. Првите „дронови“ биле летечките балони без екипаж кои се користеле во Западна Европа во XIX век со цел испуштање на бомби на непријателска територија. Меѓутоа, поради примитивниот механизам, бомбите често паѓале на погрешна локација, па дури и на сопствената територија. Веќе во почетокот на XX век се … Read entire article »

Filed under: На тема

И во наредните денови можни се поплави, свлечишта, одрони и засилена ерозија!

И во наредните денови можни се поплави, свлечишта, одрони и засилена ерозија!

14.03.2013 Интензивните и долготрајни врнежи кои паднаа на подрачјето на нашата држава во изминатиот месец, а ќе продолжат и понатаму, предизвикаа натрупување на голема водена маса. Според проценка од извештаите, просечно за целата држава наврнаа над 100 мм врнежи, или вкупна водена маса од 4 милијарди метри кубни! Поради променливите и релативно високи температури, доаѓа до забрзано топење на снегот од планините, превлажнување на подлогата и појава на „нестабилност“ со лавини, одрони и свлечишта. Под зголемен … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Колкав е ризикот од удар на опасен астероид на Земјата?

Колкав е ризикот од удар на опасен астероид на Земјата?

17.05.2012 Во последно време, во медиумите се почесто се изнесуваат информации за можна опасност по Земјата од удар на астероид со помали или поголеми димензии. Исто така, често се појавуваат „загрижувачки вести“ дека на мало растојание (обично неколку десетици или стотици илјади км)   покрај Земјата поминал астероид со големина на „автомобил“, „автобус“ и слично. Оние кои ги изнесуваат таквите информации, освен бомбастичниот наслов, обично не навлегуваат во суштината, а тоа е колкав е вистинскиот ризик … Read entire article »

Filed under: На тема

Македонија ја очекува зголемена опасност од лавини, одрони, свлечишта и поплави!

Македонија ја очекува зголемена опасност од лавини, одрони, свлечишта и поплави!

17.02.2012 Интензивните снежни врнежи кои паднаа на подрачјето на нашата држава во изминатиот месец, предизвикаа натрупување на голема снежна маса, посебно во планинските подрачја. Според проценка од извештаите, просечно за целата држава наврнаа околу 50-60 см снег, или вкупна снежна маса од 10 милијарди метри кубни, што пак одговара на околу 2 милијарди метри кубни водена маса! Поради ниските температури, снежната маса беше стабилна, компактна и со слаб интензитет на топење. Меѓутоа, следните неколку денови и … Read entire article »

Filed under: На тема

Што е метеорологија, a што метрологија?

Што е метеорологија, a што метрологија?

12.06.2019 Научните и оперативните делови познати како метеорологија и метрологија терминолошки се исклучително блиски и слични, но се дијаметрално различни. Исто така во обичниот живот и во говорот се мешаат поимите метеорологија и метрологија. Светскиот ден на метеорологијата или познат како светски метеоролошки ден е 23 март, како ден кога стапи на сила Конвенцијата за организирање на Светска метеоролошка организација, а тоа е 23 март 1950 година. Седиштето на Светската метеоролошка организација е во Женева. Светскиот метеоролошки … Read entire article »

Filed under: На тема

Успешен настап на големата меѓународна конференција за картографија и ГИС, ICC&GIS-2018

Успешен настап на големата меѓународна конференција за картографија и ГИС, ICC&GIS-2018

26.06.2018 Во периодот од 18 до 23 јуни, во Созопол, Република Бугарија се одржа седмата меѓународна конференција за картографија и географски информациски системи ICC&GIS 2018. Главни организатори на оваа голема конференција беа Меѓународната картографска асоцијација (ICA), Бугарската картографска асоцијација (BCA) и Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија од Софија, во соработка со општина Созопол и повеќе спонзори. Целта беше да се презентираат и споделат најновите светски достигнувања во картографијата и ГИС, со посебен акцент на состојбата … Read entire article »

Filed under: Географски вести

На ПМФ во Скопје одржана трибина за новата Уредба за беспилотни летала!

На ПМФ во Скопје одржана трибина за новата Уредба за беспилотни летала!

1.02.2018 Согласно претходниот заеднички договор со директорот на Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ) на Република Македонија, на 27 јануари (сабота), во големиот амфитеатар на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа трибина околу новата „Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор“. На трибината присуствуваа претставници од АЦВ и околу 30 заинтересирани лица – пилоти на мали воздухоплови без екипаж (сниматели со дронови, истражувачи, рекреативци, хобисти и др.). Најпрвин, од страна … Read entire article »

Filed under: Активности

Меѓународниот Ден на ГИС одбележан по 18ти пат

Меѓународниот Ден на ГИС одбележан по 18ти пат

15.11.2017 Луѓето секогаш се интересирале за нивниот дом – Земјата. За да се изучува и истражува нашата планета, античките научници во Рим, Грција и Кина, пред повеќе од 2.500 години, ја основале географијата. Земјата постојано се менува. Овие промени настануваат поради физичките сили како што се: ерупција на вулкани, меандрирани реки и тектонски плочи, а може да бидат предизвикани од човечко влијание, како што е урбанизацијата. Со зголемувањето на проблемите со климатските промени, економската глобализација, урбаното ширење, загубата … Read entire article »

Filed under: Географски вести

НАСА објави нови слободно достапни ноќни сателитски снимки на Земјата!

НАСА објави нови слободно достапни ноќни сателитски снимки на Земјата!

14.04.2017 На 12 Април 2017 година, научниците на НАСА (Националната администрација за аеронаутика и вселена) објавија најнова ноќна сателитска снимка на планетата Земја со висока резолуција. Сателитските снимки на Земјата кои уште се нарекуваат „ноќни светла“ имаат значајна улога во голем број на економски, општествени науки и истражувачки проекти за животната средина. Првите ноќни сателитски снимки на Земјата се направени во текот на 2012, 2013 и 2014 година од страна на Американската агенција НОАА, односно нејзиниот геофизички … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Есенски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво!

Есенски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво!

19.10.2016 На 15.10.2016 година во организација на Македонското географско друштво беше одржан втор семинар оваа година посветен на стручна едукација за професорите по географија од основните и средните училишта во Република Македонија. На овој т.н. есенски семинар присуствуваа 153 учесници од сите делови на Република Македонија кои за своето учество на семинарот добија сертификат. Изборот на темите за предавање и овој пат беше направен според резултатите од предходно спроведената анкета кај одреден број професори по географија. Според … Read entire article »

Filed under: Наставни

На денешен ден пред 60 години се случи голем одрон-урнис кај Кавадарци при кој загинаа 11 луѓе!

На денешен ден пред 60 години се случи голем одрон-урнис кај Кавадарци при кој загинаа 11 луѓе!

5.09.2016 Денес, градот Кавадарци одбележува 60 години од трагичната природна непогода – голем одрон на дел од ридот Градот (741 m) над с. Моклиште, при кој загинале 11 овчари, околу 1200 овци и друг добиток. Настанот се случил на 5 септември 1956 година, околу 6-7 часот наутро, кога за 15-тина минути огромна земјишна маса на северната страна на ридот Градот, нагло се сурнала во долината на Бунарска Река, притока на Луда Мара. Сточарите кои привремено живееле во подножјето … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Успешен настап на големата меѓународна научна конференција „Geomorphometry 2015“ во Познањ

Успешен настап на големата меѓународна научна конференција „Geomorphometry 2015“ во Познањ

30.06.2015 Во периодот од 22 до 26 јуни 2015 година, во градот Познањ во Полска се одржа голема меѓународна научна конференција „Geomorphometry 2015“. Тематскиот наслов на конференцијата беше „Геоморфометријата во моделирањето на природните непогоди“ (Geomorphometry for Natural Hazards Geomodelling). На конференцијата која се изведуваше во просториите на Географскиот факултет при Универзитетот „Адам Мичкиевич“ во Познањ, присуствуваа околу стотина научници од 24 држави од сите континенти. За трите дена на конференцијата, беа прикажани 70-тина говорни и 30-тина постер презентации со … Read entire article »

Filed under: Активности

Advertisment ad adsense adlogger