Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "Порече"

Поречки Манастир – Боженствена убавина и мир на падините на планината Добра Вода

Поречки Манастир – Боженствена убавина и мир на падините на планината Добра Вода

21.09.2021 Секогаш кога ќе се спомне областа Порече, меѓу првите асоцијации се мир, спокој, таинствена, недопрена и живописна природа. Природата во Порече била особено дарежлива и на областа и подарила мноштво од раскошна убавина (повеќе за природата на Порече). Покрај широко познатите убавини, во областа Порече се среќаваат повеќе уникатни културно – историски објекти и старини. Старините или археолошките локалитети се претставени со стари градови, калиња, кули и цркви. Во Порече се среќаваат неколку впечатливи стари … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

28.10.2019 Во областа Порече се наоѓа селото Девич, познато по Девините Кули и легендите за сестрите на Крале Марко, Дева и Пеша. Покрај богатото културно – историско наследство, атарот на селото Девич располага со повеќе природни вредности, како што се: изворот Асаноец, Девината пештера, пештерата Пешна и други. Исто така доста привлечна е бујната вегетација, особено во долината на реката Уча, каде се наоѓа и еден мал, но интересен водопад. Реката Уча е една од двете изворни … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

07.10.2018 Селото Слатина се наоѓа во недопреното и таинственото Порече. Слатина е наделеку позната по нејзините прекрасни пештери, особено по пештерата Слатински Извор – најдолгата пештера во Република Македонија. Исто така, селото Слатина е познато и по солениот извор, еден извонреден раритет кој ретко се среќава во нашата држава. Покрај овие природни реткости, не толку познат за Слатина е Слатинскиот Водопад. Водопадот се наоѓа јужно од маалото Марковци на Марковска Река, па оттаму може да се … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Убавините на областа Порече

Убавините на областа Порече

01.05.2016 Областа Порече или просторот кој денес го зафаќа општината Македонски Брод се наоѓа во западните делови на Република Македонија. Поточно областа се протега во средниот тек на реката Треска. Долината на реката Треска е пробиена помеѓу мошне високи планини и наликува на високо распостранета котлина, односно басен. Басенот на Порече на југ е ограничен со планината Бушева, на запад е загреден со планинскиот венец составен од планините Песјак, Челоица (Добра Вода –  2.061 m) и Сува … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Викенд предлог: Белица (Порече)

Викенд предлог: Белица (Порече)

Топонимот Белица  често пати се користи за именување на географските појави, меѓу кои особено се среќава при имeнување на населбите. Со ова име се именувани повеќе населби во Р. Македонија, како и во сосетството (Србија, Бугарија итн.). Денес во Р. Македонија со името Белица се среќаваат 4 селски населби, од кои две се среќаваат во Струшко, а по една во Кичевско и во областа Порече. Во оваа прилика ќе се запознаеме со Поречката Белица, која … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог