Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "Африка"

Лагос – градот на можностите

Лагос – градот на можностите

22.12.2020 Лагос е најнаселениот град во Нигерија и воопшто на Африканскиот континент. Тој е сместен на западните брегови на Африканското копно и претставува единствениот град во Африка, кој се наоѓа на листата на топ 10 најнаселени градови во светот. Поволната географска положба, како главно пристаниште и големите резерви на нафта, овозможиле Лагос да стане главен финансиски, индустриски и културен центар во Нигерија, а и на Африканскиот континент. Поради богатството,  луксузот, модерната архитектура и можностите што ги нуди … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Необичните раседни езера во источна Африка

Необичните раседни езера во источна Африка

26.11.2020 Во должина од 1600 km, во североисточниот дел на Големата раседна долина во Африка, се наоѓаат неколку езера, кои се загадени со натриумови карбонати. Овие хемикалии се исцедиле од вулканските сливни подрачја, или пак, навлегле во езерата преку подземната вулканска активност. Во продолжение ќе дадеме појаснување за некои од езерата. Езерото Туркана е најголемото алкално езеро во светот. Има соленост од 2,44%.  Сместено покрај Големата раседна долина во Африка, езерото се протега од северна Кенија до … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Втор дел – Африка

Кои се најголемите полуострови на континентите? Втор дел – Африка

26.05.2020 Вториот најголем континент во светот е континентот Африка. Зафаќа површина од околу 30 милиони km2 и заедно со островите тој покрива 6% од  површината на Земјата или околу 20% од копнената површина на Земјата. Африка е единствениот континент низ кој поминуваат и екваторот и двата повратници. Овој континент е еден од најслабо разгранетите и на него се наоѓаат мал број на заливи, протоци, острови,  а само три полуострови можат да се издвојат како позабележителни и … Read entire article »

Filed under: На тема