Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "д-р Ивица Милевски"

Мистичните скаменети столбови во Ѓавоља Варош

Мистичните скаменети столбови во Ѓавоља Варош

20.03.2020 Ѓавоља Варош е геоморфолошки феномен во јужниот дел на Србија, на падините на планината Раден. Се наоѓа на 27 km оддалеченост од градот Куршумлија, а до овој локалитет освен од градот Куршумлија, може да се стигне и од општините Бојник и Лебане, но најлесен и најубав начин е пешачењето од Либан. Овој локалитет е составен од 202 земјени фигури чија височина изнесува од 2 до 15 метри, а широчина до 3 метри. Истите се формирани … Read entire article »

Filed under: Активности, По Светот

Земјата ја демне космичка непогода

Земјата ја демне космичка непогода

19.03.2020 Во следните 100.000 години, се чини дека нашата планета Земја ќе има две сонца, со оглед на тоа што веројатно за тој период ѕвездата Бетелгејз најверојатно ќе доживее супернова експлозија. Оваа ѕвезда е речиси 20 пати помасивна од Сонцето, но има животен век од само 10 милиони години. При таква експлозија на супернова, со оглед на малата оддалеченост на оваа ѕвезда од Земјата, ноќното небо би било мошне осветлено. Веројатно, ѕвездата би била јасно видлива … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Ноќва ќе има делумно затемнување на полната Месечина!

Ноќва ќе има делумно затемнување на полната Месечина!

16.07.2019 Вечерва, помеѓу 16 и 17 јули, во 22.01 часот, на небото ќе започне затемнување на Месечината. Природниот сателит ќе биде најмногу покриен со сенката на планетата Земја во 23.31 часот, а од неа ќе излезе во еден часот по полноќ. Затемнувањето настанува поради движењето на Месечината околу Земјата, при што често пати таа влегува во Земјината сенка. Според тоа, затемнувањето на Месечината може да се случи само во фазата на полна Месечина, односно кога таа … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Прво учество на претставници од Македонија на тренинг-работилницата за УНЕСКО геопаркови!

Прво учество на претставници од Македонија на тренинг-работилницата за УНЕСКО геопаркови!

8.07.2019 Во периодот од 31 мај до 10 јуни, во градот Мителини на островот Лезбос во Грција се одржа тренинг-работилница на тема поврзана со подготовка, воспоставување и одржливо функционирање на УНЕСКО геопаркови. На настанот, главно внимание беше посветено на Во првите три дена од настанот, познати експерти од Светската и Европската мрежа на геопаркови (GGN, EGN) и експерти од УНЕСКО, преку свои презентации и панел дискусии, укажаа на неопходните чекори и активности кои ќе резултираат со … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Утре ни пристигнува долго, жешко и „нестабилно“ лето!

Утре ни пристигнува долго, жешко и „нестабилно“ лето!

20.06.2019 Утре (петок), на 21 јуни, во 17 часот и 54 минути, на 172-риот ден во годината, на северната полутопка и во Македонија почнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка, оваа недела ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната пак, ќе биде најкраткиот ден. Така, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денот ќе трае … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Убавините на Рашковец – долината помеѓу кратовските вулкани!

Убавините на Рашковец – долината помеѓу кратовските вулкани!

5.03.2019 Кратовската област е позната по карактеристичниот палеовулкански пејзаж кој се одликува со бројни вулкански купи, некови, траги од течење на лава, вулкански бомби и сл. Ваквата релјефна морфопластика се одразила и на хидрографските, почвени, вегетациски и останати природни, па и социо-економски карактеристики на овој простор. За жал, голем дел од уникатните појави и локалитети со кои изобилува подрачјето околу Кратово, сеуште не се доволно истражени, ниту презентирани на пошироката јавност. Токму затоа, во оваа статија … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Кое време е посоодветно за територијата на Република Македонија – „зимското“ или „летното“?

Кое време е посоодветно за територијата на Република Македонија – „зимското“ или „летното“?

19.10.2018 Примената на „летно време“ низ светот и во Европа трае повеќе од половина век, а во Македонија истото започна од 1983 година, во рамките на тогашна Југославија. Во меѓувреме, голем број држави се откажаа или се на пат да се откажат од указни промени на времето, а таква одлука донесе и Европската Унија (со примена од наредната година). Сосема сигурно е дека и Република Македонија ќе престане административната промена на времето, но прашање е кое … Read entire article »

Filed under: На тема

Во недела, можеби за последен пат преминуваме на зимското сметање на времето!

Во недела, можеби за последен пат преминуваме на зимското сметање на времето!

19.10.2018 Во недела (28 октомври) во 3 часот наутро, завршува летното и започнува зимското (вистинско, реално) сметање на времето. Тогаш стрелките на часовниците ќе треба да се вратат за еден час наназад, односно да покажуваат 2 часот, додека модерните електронски уреди тоа ќе го направат автоматски. Зимското време ќе трае се до 31 март 2019 година, кога повторно ќе се премине на летно сметање на времето. Овие датуми на поместување се „унифицирани“ од 2002 година, кога … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Вечерва ќе имаме можност да го набљудуваме најдолгото затемнување на Месечината за 21-виот век!

Вечерва ќе имаме можност да го набљудуваме најдолгото затемнување на Месечината за 21-виот век!

27.07.2018 Вечерва ќе бидеме сведоци на најдолгото целосно затемнување на Месечината во XXI-виот век. Следното вака долго затемнување, ќе се случи дури во 2123 година, односно по 105 години! За разлика од затемнувањето на Сонцето, кое може да се набљудува само 2-3 минути и тоа од тесен појас на некој дел на планетата, овој настан ќе биде видлив од поголемиот дел на „ноќната“ Земјина полутопка (секако таму каде што е ведро). Поради движењето на Месечината околу Земјата, … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Најдолг праволиниски патен и поморски правец на Земјата!

Најдолг праволиниски патен и поморски правец на Земјата!

3.06.2018 Двајца Индиски информатичари Роан Чабукшвар и Кушал Муџреј (Rohan Chabukswar и Kushal Mukherjee) создале алгоритам преку кој компјутерски се генерираат најдолгите прави линии кои одат само по вода или само по копно. Алгоритамот е таков, што во случај линијата да оди по вода, истата не смее да пресекува позначајна копнена маса или ледена површина. Обратно е доколку оди само по копно – не смее да дојде во допир со поголем воден басен. Алгоритамот го примениле … Read entire article »

Filed under: На тема

2017-та, втора просечно најтопла година на глобално ниво, во последните 140 години!

2017-та, втора просечно најтопла година на глобално ниво, во последните 140 години!

20.02.2018 Според извештајот на НАСА, по просечните глобални температури на воздухот, минатата 2017 година беше втората најтопла од 1880 до денес, веднаш по 2016 година, која е „прогласена“ за убедливо најтопла во последните речиси 140 години! Како што продолжува долгорочниот тренд на глобално затоплување, просечната температура во минатата година била за 0,9°С повисока од просекот за периодот 1951 – 1980 година. Според друга студија неодамна објавена од NOAA (Nacional Oceanic and Atmosferic Administration), 2017-та година била третата … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Во наредните денови и недели се очекува зголемен ризик од поплави и свлечишта низ Македонија!

Во наредните денови и недели се очекува зголемен ризик од поплави и свлечишта низ Македонија!

7.02.2018 Повеќедневните, долготрајни врнежи кои се случија на подрачјето на нашата држава во изминатите денови, како и дополнителните кои според сите релевантни светски, регионални и домашни метеоролошки институции ќе следат до крајот на февруари, но и во почетокот на пролетта, ќе предизвикаат поизразено превлажнување на земјиштето и значителен „вишок на водена маса“. Овој „вишок“, веќе сега тешко се апсорбира во земјиштето и во дренажниот систем, па се очекува негово засилено површинско акумулирање во вид на речно-инундациски, … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено...

Овој јануари значително потопол од просекот во Македонија!

Овој јануари значително потопол од просекот во Македонија!

3.02.2018 Според метеоролошките податоци, овој јануари во Македонија беше значително потопол од долгогодишните просечни вредности за температурата на воздухот. Така, просечната годинешна јануарска температура во Скопје изнесуваше 3,3°С, што е за цели 3°С над просекот за периодот 1951-1980 година (0,4°С) и многу повисоко од истиот месец минатата, 2017 година (-4,0°С). Слични високи вредности за 2018 година има и мерна станица Штип (3,1°С) во однос на просечните 1,3°С за периодот 1951-1980 година. На мерниот пункт Лазарополе, разликата … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Јавен демант на објавената вест „Косово добило 200 хектари Македонска територија кај Шар Планина“ во весникот Вечер

Јавен демант на објавената вест „Косово добило 200 хектари Македонска територија кај Шар Планина“ во весникот Вечер

2.02.2018 На 29.01.2018 година, 5 дена по објавување на бомбастичниот наслов во весникот Вечер: „Косово добило 200 хектари Македонска територија кај Шар Планина“, во кој непознатиот – скриен новинар (за разлика од ИГЕО и бројни други портали каде секој автор е потпишан со свое име и презиме), целосно непрофесионално и неетички, по свое видување ја извртел мојата објава на личниот профил на Фејсбук, напишав електронски допис до редакцијата на Вечер. Во дописот барам реакција, демант и извинување … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено...

Што претставува феноменот „Крвава супермесечина“ кој ќе се случи во средата?

Што претставува феноменот „Крвава супермесечина“ кој ќе се случи во средата?

28.01.2018 Во среда на 31 јануари, околу полноќ, ќе може да ја набљудуваме веќе втората супермесечина за 2018-та година, заедно со т.н. „Сина“ и „Крвава“ Месечина. Супермесечина (научно: перигејна сизигија) ќе биде заради малата оддалеченост од Земјата (перигеум) од само 359.000 km (наспроти просечните 385.000 km), поради што ќе изгледа околу 13% визуелно поголема и 20-30% посјајна од вообичаеното. Реално, тие неколку проценти големина или сјајност во однос на претходните слични појави се едвај забележливи (поточно … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Денес Земјата е најблиску до Сонцето за 2018 година!

Денес Земјата е најблиску до Сонцето за 2018 година!

3.01.2018 Денес, 3 јануари во 6 часот и 35 минути, планетата Земја беше најблиску до Сонцето за 2018 година, во положба наречена перихел. Во тој момент, нивното растојание изнесуваше 147 097 233 km. Тоа е за 2,5 милиони km помалку од просечното, односно околу 5 милиони km помалку од максималното растојание (152 милиони km) помеѓу Земјата и Сонцето, положба познато како афел (датум: 6 јули 2018 година). Поради близината до Сонцето, во месецот јануари Земјата се движи околу … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Утре започнува зимата!

Утре започнува зимата!

20.12.2017 Оваа година, на северната полутопка и во Република Македонија, зимата ќе пристигне утре (четврток 21 декември 2017 година), во 17 часот и 28 минути по средноевропско време. Во исто време, на јужната полутопка започнува летото. Воедно, утрешниот ден на северната полутопка ќе биде најкраток ден во годината (краткоденица или зимски солстициум), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица или летен солстициум). Во Република Македонија, најкраткиот ден ќе трае само 9 часа и 7 … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Од учеството на Транс-Атлантскиот тренинг за далечинска детекција, ТАТ-5

Од учеството на Транс-Атлантскиот тренинг за далечинска детекција, ТАТ-5

25.06.2017 Во периодот од 16-20.06 2017 година, на Универзитетот во Печуј во Унгарија, беше одржан 5-тиот по ред Транс-атлански тренинг (TAT-5) за далечинска детекција. Целта на ТАТ e запознавање со најновите технологии во далечинската детекција, начини и постапки за нивна примена, а сето тоа преку серија на предавања, вежби и дискусии со врвни истражувачи и инженери од ESA и NASA (Francesco Holecz, Garik Gutman, Chris Stewart, Mutlu Ozdogan, Noel Gorelick и др.). ТАТ-5 беше овозможен во … Read entire article »

Filed under: Активности

Импакт факторот и неговата (зло)употреба

Импакт факторот и неговата (зло)употреба

31.12.2014 Деновиве една од најчесто застапените теми низ медиумите се импакт факторот (ИФ) или т.н. фактор на влијание и индексирачки бази на научни списанија, цитирања, истражувачи и сл. Во најголем број од медиумите, само површно, паушално, па дури и тенденциозно се изнесуваат наведените поими. Причина за тоа е што со импакт факторот и индекс-базите, наеднаш почнаа да се занимаваат тие што воопшто нити ги засегало, нити биле во „допир“ или прв пат слушнале за спомената проблематика. Затоа ќе се обидеме … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Царев Врв има најдобри природни услови за развој на зимско-спортскиот туризам во источниот дел на Македонија

Царев Врв има најдобри природни услови за развој на зимско-спортскиот туризам во источниот дел на Македонија

29.12.2014 Источниот дел на Република Македонија, последните години станува се попривлечен за посета на туристи. Во таа смисла, посебно се издвојуваат локалитетите Беровско Езеро, Суви Лаки, Пониква, Беласица и други. Во наведените, но и други локалитети има доста добри можности за престој и прошетка во природа, трекинг, планински велосипедизам, спа-туризам и слично. Пониква пак, долг период е позната како центар за зимско-спортски туризам во источниот дел на државата. Сепак, поради надморската височина, таа одговара за посета … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Advertisment ad adsense adlogger