Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "Ивица Милевски"

Успешен настап на големата меѓународна конференција за картографија и ГИС, ICC&GIS-2018

Успешен настап на големата меѓународна конференција за картографија и ГИС, ICC&GIS-2018

26.06.2018 Во периодот од 18 до 23 јуни, во Созопол, Република Бугарија се одржа седмата меѓународна конференција за картографија и географски информациски системи ICC&GIS 2018. Главни организатори на оваа голема конференција беа Меѓународната картографска асоцијација (ICA), Бугарската картографска асоцијација (BCA) и Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија од Софија, во соработка со општина Созопол и повеќе спонзори. Целта беше да се презентираат и споделат најновите светски достигнувања во картографијата и ГИС, со посебен акцент на состојбата … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Овој викенд не очекува убава ноќна глетка кон метеорскиот рој Лириди!

Овој викенд не очекува убава ноќна глетка кон метеорскиот рој Лириди!

17.04.2018 Во текот на следните неколку денови, поточно од утре до 25-ти април, на ноќното небо ќе може да се видат чести метеори кои припаѓаат на метеорскиот рој Лириди. Лиридите името го добиле според квадрантот на небото каде се појавуваат – соѕвездието Лира во близина на ѕвездата Вега. Причина за овој метеорски рој се остатоците од кометата Татчер (C/1861 G1) која поминала блиску до Земјата и со себе оставила огромен број ситни честички на кои Земјата … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

За уникатните, но подзаборавени „Базалтни плочи“ кај Куманово!

За уникатните, но подзаборавени „Базалтни плочи“ кај Куманово!

4.04.2018 На 10-тина километри североисточно од градот Куманово, во атарот на с.Младо Нагоричане се наоѓа една од најуникатните појави на фосилен вулкански релјеф во Република Македонија – познатите „базалтни плочи“. Станува збор за 8 ридести возвишенија со релативна височина од 50 до 100 m, најчесто со купест изглед и зарамнети на врвот. Овие возвишенија се остатоци од пространа вулканска структура формирана со разлевање на базична (течна) лава на голема површина, пред околу 10 милиони години. Уште … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Рекордно најдоцни зимско-пролетни снежни врнежи во ниските делови на Македонија!

Рекордно најдоцни зимско-пролетни снежни врнежи во ниските делови на Македонија!

23.03.2018 Деновиве, малку невообичаено за овој период од годината, се јавија значителни снежни врнежи во повисоките, но и и во пониските делови на Македонија (под 500 метри н.в.). Така, на 21-22 март во Скопје наврнаа околу 10 cm снег, а снежни врнежи има и денес. Според метеоролошките податоци од 1951 година наваму (откако има попрецизни податоци за снежната покривка), денешните и вчерашните врнежи се најдоцните забележани зимско-пролетни снежни врнежи, проследени со создавање на снежна покривка во … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Чудесна Македонија

Просечните глобални температури веќе ја надминаа горната граница поставена со договорот од Париз

Просечните глобални температури веќе ја надминаа горната граница поставена со договорот од Париз

1.03.2018 Според најновите податоци, просечните глобални температури за периодот 2018 – 2022 година се очекува да бидат за 1,5°С повисоки од прединдустрискиот период (1850 – 1900). Ова драстично ги надминува сите предвидувања, па и горната граница поставена со Парискиот договор за климатски промени. Самиот договор ги обврзува државите да придонесат растот на глобалната температура да се одржува значително под 2°С, во однос на прединдустрискиот период. Предвидената максимална рамка на пораст, по истиот договор е 1,5°С, но … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

На Македонија и е неопходно што поскоро изготвување на катастар на загрозеност од природни непогоди!

На Македонија и е неопходно што поскоро изготвување на катастар на загрозеност од природни непогоди!

2.02.2018 Во минатите неколку години, на територијата на Република Македонија се случија значителен број природни непогоди. Некои од нив предизвикаа огромни материјални штети, а за жал дури и човечки жртви. Во таа смисла, особено беа карактеристични поројните поплави во Скопско во 2016 година и во Шипковица во 2015 година, потоа земјотресите во Скопско во 2016 и Охридско во 2017 година, пожарите во 2007, 2012 и 2017 година, бројните свелчишта и одрони во 2010 година и др. Оваа, … Read entire article »

Filed under: На тема

Колку високи врвови (над 2000 m) има Шар Планина?

Колку високи врвови (над 2000 m) има Шар Планина?

1.02.2018 Како што е познато, Шар Планина (Титов Врв, 2747 m) е втора по височина планинска структура во Република Македонија, по Корабскиот планински масив (Голем Кораб, 2753 m). Сепак, според површината над 2000 m (на територијата на Република Македонија), таа е убедливо најдоминантна, со речиси 180 km кв. што е половина од површината над 2000 m на сите (12) високи планини заедно. Затоа не е ни чудно што оваа планина има убедливо најголем број на високи … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Зошто имаме годишни времиња?

Зошто имаме годишни времиња?

20.12.2017 Како што објавивме во претходната статија, утре (21 декември 2017 година), на северната полутопка и во Република Македонија започнува зимата. Точно во тој момент, на оваа полутопка сончевите зраци ќе паѓаат најниско над хоризонтот, а највисоко ќе бидат на јужната полутопка, односно над јужниот пов­ратник, на 23°27’ јужна географска широчина. Затоа, утре на северната полутопка ќе биде најкраток ден (или најдолга ноќ) во годината, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден. Поради сферната … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Утревечер календарски ни пристигнува есента!

Утревечер календарски ни пристигнува есента!

21.09.2017 По доста жешкото и сушно лето, во петок на 22 септември, во Македонија и на северната хемисфера, календарски започнува есента. Во Македонија, таа офицјално ќе пристигне во 22.02 часот по средноевропско време. Во првиот ден на есента (инаку 265-ти ден во годината), денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат подеднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта). Во првиот есенски … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Worldview – прикажувач на глобални тематски сателитски снимки во реално време!

Worldview – прикажувач на глобални тематски сателитски снимки во реално време!

18.04.2017 Сведоци сме дека во последните децении, постепено се зголемува фрекфенцијата на природни и техногени непогоди, често со големи, па и катастрофални последици. Затоа се бараат начини за колку е можно понавремено предупредување, известување и реакција, а еден од најдобрите начини за тоа е снимање од височина (пр. појава на пожар, поплава, невреме, свлечишта и др.). Високо развиените, богати држави користат цел систем на сензори, аларми, беспилотни летала-дронови и друга модерна технологија за рано детектирање, предупредување и … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

За скопскиот земјотрес од 11.09.2016 година!

За скопскиот земјотрес од 11.09.2016 година!

2.10.2016 Хронологија и опис на настанот Во периодот од 11 до 14 септември 2016 година, градот Скопје и неговата околина беа погодени од неколку посилни и 20-тина послаби земјотреси. Серијата земјотреси започна во недела, на 11 септември во 6 часот и 58 минути, со потрес чие жариште беше на околу 10 km североисточно од центарот на Скопје, помеѓу с.Арачиново и с.Црешово. Длабочината на земјотресот беше околу 5 km, магнитудата околу 4,1 степени, а интензитетот околу V-VI степени според ЕМС (Европска макросеизмичка скала, позната … Read entire article »

Filed under: На тема

На 6.08.2016 година, над поширокото подрачје на градот Скопје паднала водна маса колку една солидна вештачка акумулација!

На 6.08.2016 година, над поширокото подрачје на градот Скопје паднала водна маса колку една солидна вештачка акумулација!

20.08.2016 Според изведените интерполациски анализи и софтверски-базираното моделирање, а врз основа на официјалните податоци на УХМР, произлегува дека за само 4 часа, на 6.08.2016 година, на поширокото подрачје на градот Скопје (од падините на Водно, до падините на Скопска Црна Гора), наврнал дожд со кој би се наполнила една солидна вештачка акумулација. Имено, на површина од околу 460 km кв. (или 460 милиони метри квадратни) кој го зафаќа овој дел од Скопската Котлина, според нашиот модел, просечно … Read entire article »

Filed under: На тема

Кои се причините за големата поплава на делови од Скопје, вечерта на 6.08.2016 година?

Кои се причините за големата поплава на делови од Скопје, вечерта на 6.08.2016 година?

7.08.2016 Вчера бевме сведоци на силно невреме во Скопје, во периодот од околу 18 до 21.30 часот. Невремето, следено со поројни врнежи, силен ветер и чести електрични празнења, предизвика поплави во делови од градот, на некои места со катастрофални последици, па и човечки жртви. На прв поглед сосема неочекувано, меѓутоа за ваквата појава постојат повеќе причини кои на кратко ќе ги елаборираме. Пред се, голем интензитет на врнежи за период од близу 4 часа. Според официјалните податоци на УХМР … Read entire article »

Filed under: На тема

Охридското Езеро има свој неверојатен „двојник“ на другиот крај на Светот!

Охридското Езеро има свој неверојатен „двојник“ на другиот крај на Светот!

29.06.2016 Охридското Езеро е уникат во светот по многу нешта: едно од најстарите, тектонски формирано, со повеќе карстни извори и голема истека (Црн Дрим), бројни реликтни видови во него и др. Сепак, има едно езеро на „другиот крај“ на Земјата, во САД, помеѓу Калифорнија и Невада кое е неверојатно слично на Охридското Езеро. Тоа е езерото Тахо (Tahoe), кое се наоѓа околу 120 km североисточно од градот Сакраменто во Калифорнија. Сличноста помеѓу двете езера е во … Read entire article »

Filed under: По Светот, Чудесна Македонија

Овогодинешната награда Гоце Делчев и вистината за една неправда!

Овогодинешната награда Гоце Делчев и вистината за една неправда!

6.05.2016 Оваа година, на 4 мај беше доделена реномираната награда Гоце Делчев за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија. Според пропозициите, наградата се доделува за научно остварување објавено во претходната година, под услови определени со Закон за државните награди (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2006). Оваа година, за трудот „Педолошка (почвена) карта на Македонија и нејзините толковници”, беа наградени проф. д-р Јосиф Митрикески, академик Ѓорѓи Филиповски, проф. д-р Татјана Миткова, доцент д-р … Read entire article »

Filed under: На тема

Импакт факторот и неговата (зло)употреба

Импакт факторот и неговата (зло)употреба

31.12.2014 Деновиве една од најчесто застапените теми низ медиумите се импакт факторот (ИФ) или т.н. фактор на влијание и индексирачки бази на научни списанија, цитирања, истражувачи и сл. Во најголем број од медиумите, само површно, паушално, па дури и тенденциозно се изнесуваат наведените поими. Причина за тоа е што со импакт факторот и индекс-базите, наеднаш почнаа да се занимаваат тие што воопшто нити ги засегало, нити биле во „допир“ или прв пат слушнале за спомената проблематика. Затоа ќе се обидеме … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Царев Врв има најдобри природни услови за развој на зимско-спортскиот туризам во источниот дел на Македонија

Царев Врв има најдобри природни услови за развој на зимско-спортскиот туризам во источниот дел на Македонија

29.12.2014 Источниот дел на Република Македонија, последните години станува се попривлечен за посета на туристи. Во таа смисла, посебно се издвојуваат локалитетите Беровско Езеро, Суви Лаки, Пониква, Беласица и други. Во наведените, но и други локалитети има доста добри можности за престој и прошетка во природа, трекинг, планински велосипедизам, спа-туризам и слично. Пониква пак, долг период е позната како центар за зимско-спортски туризам во источниот дел на државата. Сепак, поради надморската височина, таа одговара за посета … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Дедо Мраз – најголемиот и најбрзиот патник на денешнината!

Дедо Мраз – најголемиот и најбрзиот патник на денешнината!

29.12.2014 Дедо Мраз претставува личност во западната култура од легендарен, митолошки и фолклорен карактер кој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на католичката бадникова ноќ, на 24 декември. Денес тој стана глобално позната „личност“ и прифатена во голем дел од светот. Дедо Мраз на запад е познат под името Санта Клаус или едноставно Санта (Santa Claus или Santa), а неговото значење не е целосно расветлено. Не се знае од каде точно доаѓа, зошто патува … Read entire article »

Filed under: На тема

Сурова реалност: Македонија е меѓу последните држави во светот по издвојување за научно-истражувачка дејност!

Сурова реалност: Македонија е меѓу последните држави во светот по издвојување за научно-истражувачка дејност!

29.12.2014 Сосема јасно е дека без солидна наука, нема технолошки развој ниту добар универзитетски наставен кадар, а со тоа нема квалитетни студии и знаења. А без пари, нема наука, посебно во денешно време на големи технолошки достигнувања. Во Република Македонија, од нејзиното осамостојување до денес, издвојувањето за наука е речиси во константно опаѓање и тоа од околу 0,6% од БДП во почетокот на 1990-тите на нецели 0,2% (извор) во последните 13 години, што ни оддалеку не е доволно … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Зошто Нова година е токму на 1 јануари?

Зошто Нова година е токму на 1 јануари?

28.12.2014 Дали некогаш сте се запрашале зошто почетокот на секоја нова година е токму на 1 јануари? Низ историјата, почетокот на нова година обично се поврзувал со некој природен настан. Најчесто тоа била смената на исто годишно време (обично пролет) или пак датумот на пролетната рамноденица, односно околу 20 март. Прославувањето на Нова година на 1-ви јануари се смета дека е поврзана со стариот римски обред во чест на богот Јанус, кој бил бог на „почетокот“, на … Read entire article »

Filed under: На тема

Advertisment ad adsense adlogger