ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "индустрија"
Автомобилската индустрија во Светот денес
Автомобилската индустрија пионерските чекори ги направила во Германија, потоа во Франција, Велика Британија, САД итн. Оваа индустриска гранка од причина што овозможува ,,постоење на низа други индустриски гранки со кои неминовно кооперира главно е својствена на индустриски и технички развиени земји,, (Кироски, 1981). Истата покажува интересна динамика на развој со одредени осцилации посебно од осумдесетите години на минатиот век па наваму. Од годините на т. н. Златното време на автомобилската индустрија со производство од 35,6 милиони автомобили во 1989 година и 35,7 милиони автомобили во 1990 година (Дамев, 1996), производството се зголемило за близу 70 % во 1999, до над 80 % во 2008 година со производство на 61,7 милиони возила. Интензивниот пораст на производството е резултат на растот на автомобилската индустрија како кај старите производители, така и кај земјите … Read entire article »
Filed under: Географски вести
Промени на светската индустриска карта

7.12.2011. Автор: д-р Билјана Апостоловска Тошевска Индустриската карта на светот проследена од почетоците на индустријата, до денес е видно изменета. Посебно нагласени измени се евиденти од средината на минатиот век па наваму и тоа кај поедини индустриски гранки како црната металургија, машинската, електронската и електротехничката индустрија. Иако причините за промени во географската разместеност се разновидни како од економска, географска и политичка природа, податоците посочуваат на тоа дека тежиштето на црната металургија е нагласено поместено кон азискиот … Read entire article »
Filed under: Географски вести
Колку се чека за вработување во Република Македонија?
7.12.2011. Автор: д-р Билјана Апостоловска Тошевска Според расположливите податоци од АВРМ во 2010 година најголемо процентуално учество имаат невработените со време на чекање повеќе од 8 години кои учествуваат со 30 % од вкупниот број на невработени лица. Овде поголемо е учеството на машката невработена популација (60,7%), наспроти женските лица (39,3%), што според сознанијата од теренот се резултат на структурата во стопанството и присутниот сектор на дејности каде женската популација има поголеми можности за вработување (текстилна … Read entire article »
Filed under: Географски вести