Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "Пехчево"

Да ги сочуваме Пехчевските водопади додека не е предоцна!

Да ги сочуваме Пехчевските водопади додека не е предоцна!

28.01.2019 Пехчевски Водопади се наоѓаат во долината на Брегалница, поточно под нејзиниот изворишен дел, на „границата“ помеѓу Влаина и Малешевски Планини. Водопадите се само 5-10 km југоисточно од градот Пехчево, па затоа и нивното заедничко име. Овој дел од реката Брегалница, каде се составуваат Требомирска, Љутачка и Крива Река е познат под името Валавица (или Валавичка Река), поради слаповидниот пад на водата и бројните брзаци. Низводно, по вливот на Равна Река, Брегалница има помал пад, помирен … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено..., Чудесна Македонија

Пехчевски Буковик – стара вулканска купа со подзаскриена природна убавина!

Пехчевски Буковик – стара вулканска купа со подзаскриена природна убавина!

27.08.2018 Буковик (Орловец, 1723 m) е мало планинско возвишение, кое се издвојува на западната страна на планината Влаина. Просторно се протега североисточно од Пехчево, помеѓу Пехчевска Река и изворишниот дел на Желевица. Без оглед на малите димензии што ги има, по одредени морфогенетски особености, Буковик може да се смета за одделна микро-планина од палеовулкански тип. Всушност, како посебна планина ја смета и локалното население. Релјефно, Буковик претставува единствената маркантна вулканска купа во Сасо-Торани­чко-Пехчевската палеовулканска област и … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Мелови – интересни релјефни појави во Малеш и Пијанец

Мелови – интересни релјефни појави во Малеш и Пијанец

27.11.2011.  Автор: д-р Ивица Милевски. Мелови се многу интересни геоморфолошки форми, особено застапени во подрачјето на Малеш и Пијанец. Се одликуваат со карактеристичен амфитеатрален изглед кој се стеснува кон подножјето, така што наликуваат на пресечена инка. Во стручната терминологија, меловите се означуваат како бедленд терени (од англиското badland што значи лоша земја), односно терени значително уништени со површинска и длабинска ерозија. Самиот збор мел или мелови, веројатно потекнува од Малеш и Пијанец или од соседните подрачја … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Сипковски водопади кај Пехчево

    Густата борова и букова шума во пехчевскиот дел на Малешевските Планини со векови ги криела седумте водопади кај изворите на Брегалница, најголемата река во источна Македонија. Само два од овие водопади всушност и припаѓаат на Брегалница, а преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Ж’тачка Река и Спиковски Андак. Водопадите се лоцирани во месноста Валевичка Река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел, и се оддалечени од Пехчево од шест до десет километри. … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Advertisment ad adsense adlogger