Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Entries tagged with "свлечишта"

Во познато меѓународно списание објавен труд за зонирање на теренот според подложност на свлечишта во Македонија!

Во познато меѓународно списание објавен труд за зонирање на теренот според подложност на свлечишта во Македонија!

15.11.2019 Деновиве во познатото меѓународно списание Open Geoscience излезе труд под наслов „Статистички и експертско базиран модел на подложност на свлечишта во национален опфат, на примерот на Северна Македонија“ (Statistical and expert-based landslide susceptibility modeling on a national scale applied to North Macedonia). Главен автор на трудот е д-р Ивица Милевски, а како коавтори се јавуваат д-р Славољуб Драгичевиќ од Географскиот факултет во Белград и д-р Матија Зорн од Словенечката Академија на науки и уметности. Трудот, … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Изработен ГИС модел на подрачја подложни на појава на свлечишта во Република Македонија

Изработен ГИС модел на подрачја подложни на појава на свлечишта во Република Македонија

7.03.2018 Како резултат на повеќегодишните истражувања, деновиве е изработен првиот дигитално-растерски модел на подрачјата подложни на појава на свлечишта во Република Македонија. Истиот покажува терени, места и зони каде веќе постојат активни свлечишта или има голема веројатност од нивна појава при погодни метеоролошки услови. Моделот е добиен со посебна софистицирана постапка на ГИС-базирано преклопување на повеќе дигитално-квантификувани фактори од значење за појава на свлечишта. Меѓу нив, посебна важност е дадена на геолошкиот (литолошкиот) состав, наклоните на … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Во наредните денови и недели се очекува зголемен ризик од поплави и свлечишта низ Македонија!

Во наредните денови и недели се очекува зголемен ризик од поплави и свлечишта низ Македонија!

7.02.2018 Повеќедневните, долготрајни врнежи кои се случија на подрачјето на нашата држава во изминатите денови, како и дополнителните кои според сите релевантни светски, регионални и домашни метеоролошки институции ќе следат до крајот на февруари, но и во почетокот на пролетта, ќе предизвикаат поизразено превлажнување на земјиштето и значителен „вишок на водена маса“. Овој „вишок“, веќе сега тешко се апсорбира во земјиштето и во дренажниот систем, па се очекува негово засилено површинско акумулирање во вид на речно-инундациски, … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено...

И во наредните денови можни се поплави, свлечишта, одрони и засилена ерозија!

И во наредните денови можни се поплави, свлечишта, одрони и засилена ерозија!

14.03.2013 Интензивните и долготрајни врнежи кои паднаа на подрачјето на нашата држава во изминатиот месец, а ќе продолжат и понатаму, предизвикаа натрупување на голема водена маса. Според проценка од извештаите, просечно за целата држава наврнаа над 100 мм врнежи, или вкупна водена маса од 4 милијарди метри кубни! Поради променливите и релативно високи температури, доаѓа до забрзано топење на снегот од планините, превлажнување на подлогата и појава на „нестабилност“ со лавини, одрони и свлечишта. Под зголемен … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Македонија ја очекува зголемена опасност од лавини, одрони, свлечишта и поплави!

Македонија ја очекува зголемена опасност од лавини, одрони, свлечишта и поплави!

17.02.2012 Интензивните снежни врнежи кои паднаа на подрачјето на нашата држава во изминатиот месец, предизвикаа натрупување на голема снежна маса, посебно во планинските подрачја. Според проценка од извештаите, просечно за целата држава наврнаа околу 50-60 см снег, или вкупна снежна маса од 10 милијарди метри кубни, што пак одговара на околу 2 милијарди метри кубни водена маса! Поради ниските температури, снежната маса беше стабилна, компактна и со слаб интензитет на топење. Меѓутоа, следните неколку денови и … Read entire article »

Filed under: На тема

Advertisment ad adsense adlogger