ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "Трајче Лазороски"
Лагуна Верде и Лагуна Колорада – најфасцинантните солени езера во Јужна Америка

05.05.2020 Во северниот дел на Чиле, на граница со Боливија, односно во подножјето на вулканот Ликанкабур се сместени едни од најинтересните лагуни во светот, а тоа се Лагуна Верде и Лагуна Колорада. Лагуна Верде (Зелена лагуна) е солено езеро кое се наоѓа во југозападниот дел на висорамнината Алтиплано во Боливија (близу границата со Чиле), во подножјето на вулканот Ликанкабур. Ова езеро своето име го добило по зеленкастата боја. Езерото се наоѓа на 4300 m надморска височина, при … Read entire article »
Висорамнината ,,Алтиплано” – една од најголемите, највисоките и најфасцинантните во Светот!

01.05.2020 Андите (Аконкагва, 7035 m) претставуваат планински венец кој се наоѓа долж западниот дел на Јужна Америка. Овој планински венец кој се протега од Венецуела на север (околу 10º с.г.ш.), па сè до јужните делови на Чиле на југ (Патагонија, над 50º ј.г.ш.) е долг над 8000 km, а широк над 800 km. Процесот на настанување на овој планински систем започнал пред околу 180 милиони години со подвлекувањето (субдукција) на плочата Наска (на која лежи Тихион … Read entire article »
Вулканот Вакаари – „повторно видлив“

16.12.2019 Деновиве од земјата на Маорите, односно Нов Зеланд одекна веста за најновата вулканска активност, т.е. ерупцијата на вулканот Вакаари. Истата се карактеризираше со последици, а бидејќи ѝ претходеше и земјотрес со посилен интензитет, во продолжение ќе наведеме неколку работи кои се карактеристични за овој вулкан и неговата најнова активност. Најпрво, колку за потсетување, да наведеме дека магматската актвност претставува процес на формирање на физичко-хемиски системи на одредени и делумни топења во Земјината обвивка или кората … Read entire article »
Западна туристичка магистрала

14.06.2017 За нашата држава, Република Македонија, може слободно да се каже дека претставува простор каде речиси секој дел од нејзината природа содржи или има посебна впечатливост и привлечност. Па така, во оваа статија ќе се обидеме да опишеме еден дел од тоа, односно во продолжение ќе стане збор за една сообраќајница која се вбројува во категоријата на една од најинтересните од туристичка гледна точка, а тоа е сообраќајницата или патниот правец Скопје-Маврово-Струга (долг 205 km), односно … Read entire article »
Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија
Вевчанските природни планински езера

Планината Јабланица (Црн Камен, 2257 m) се наоѓа во крајниот југозападен дел на Р.Македонија, односно северозападно од Охридскиот Басен, помеѓу Охридската и Дебарската Котлина. Во рамките на границите на нашата држава се наоѓаат источните делови на истоимената планина, а нејзините западни делови припаѓаат во границите на соседната Р.Албанија. На источната страна на оваа наша убавица, покрај многубројните природни карактеристики и реткости со кои изобилува, се наоѓа и населбата Вевчани во чиј атар се наоѓаат повеќе значајни … Read entire article »
Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија
ЧИЛЕ – ЗЕМЈАТА ПОМЕЃУ АНДИТЕ И ТИХИОТ ОКЕАН

Чиле или според официјалниот назив Република Чиле, се наоѓа во југозападот дел на Јужна Америка. Чиле претставува држава која се простира во еден тесен појас помеѓу високите Анди на исток и Тихиот Океан на запад. Таа е изолирана со високите планини – Анди и се наоѓа во еден од најзапоставените делови на Јужна Америка. Ваквата положба условува Чиле да има стабилни границите и да остане во својата природна целина. Чиле се граничи со Перу на … Read entire article »
Нов Зеланд – Земјата на Маорите

07.08.2013 Нов Зеланд е островска држава која се наоѓа во југозападниот дел на Тихи Океан или околу 1.700 km источно од Австралија. Најголемиот дел од државата е составен од два острови (Северени Јужен Остров), кои се наоѓаат помеѓу 34° Ј.Г.Ш. и 47° Ј.Г.Ш. или се протегаат во должина од околу 1.600 km. Северниот и Јужниот Остров меѓусебно се одвоени со Куковиот премин, чија најкратка ширина изнесува 22 km. Покрај овие острови, во состав на државата учествуваат … Read entire article »
Туристичко вреднување (валоризација) на Вевчани

Овој текст претставува еден обид за валоризација на туристичките можности на Вевчани. Вредно е да се напомене дека за истиот постои реална можност за негово посеопфатно проширување и надополнување, но сепак, овој текст може да послужи како добра основа за некои погледи во понатамошниот развој на туризмот. Вевчани е населба која се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија. Неговите координати се: 41° ۫ 14′ 25″ N, 20° ۫35‘ 35“ E. Распослано е на падините на планината … Read entire article »
Filed under: Викенд предлог, На тема
Неколку карактеристики на Иран и неговото богатство на нафта

Кога станува збор за нафтата значајно е да се напомене дека таа во денешно време претставува еден од најважните енергенси во светски рамки. Истата е застапена на повеќе подрачја во светот, меѓутоа овде ќе стане збор конкретно за државата Иран, односно Исламската Република Иран. Притоа, важно е да се има предвид дека Иран претставува, условно кажано, затворена земја и поради тој факт доаѓањето до најпрецизни и најточни податоци за техничките операции и зафати на самиот терен … Read entire article »
Filed under: На тема
Некои состојби, можности и перспективи на земјоделството во Р. Македонија

7.12.2012 Земјоделството низ историјата се јавува како основа на цивилизацијата и напредокот на човештвото. Земјоделството, вршејќи ја основната функција за човекот и неговото преживување, низ самите општествени и историо – географски етапи, аналогно се преобразувало и моделирало, создавајќи комплементарна функционалност во општествените врски. Во поновата историја, земјоделството ја губи примарната вредност, во полза на индустријата и сообраќајот, меѓутоа неговата функција во корелација со примарните потреби на човештвото останале. Низ етапите на раст и развој на човештвото, и … Read entire article »
Filed under: На тема
Република Словенија

28.11.2012 Словенија (46° 03′ 05″ N, 14° 30′ 21″ E) го зафаќа северозападниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа лежи во Централна Европа, на местото каде што се допираат Алпите, Динарските Планини, Панонската Низина и Средоземјето. Оттука, истата претставува балканска, средоземноморска и средноевропска држава. Опфаќа површина од 20 273 km2 и според површината Словенија е 153 држава во светот. На запад се граничи со Италија, на север со Австрија, на североисток со Унгарија и на исток со … Read entire article »
Filed under: На тема
Некои карактеристики на Текстилната индустрија во Светот и кај нас

06.11.2012 Текстилната индустрија е мошне значајна индустриска гранка како во светот, така и кај нас. Исто така, таа е една од најстарите индустрии во светот. Истата најрано се појавила и се развила на територијата на Велика Британија. Текстилната индустрија е гранка на индустријата која првенствено се занимава со преработка на влакнести суровини и изработка на предиво, ткаенини, плетени производи и друго, и добивање на нивни производи. Суровината што ја користи може да биде од природно потекло … Read entire article »
Filed under: На тема
НЕКОИ ПОКАЗАТЕЛИ И КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА НАТАЛИТЕТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Наталитетот е еден од елементите кој заслужува посебно внимание. Имено, во изминатиов период истиот е доста присутен во јавниот медиумски и друг простор во Република Македонија, така што добро е да се направи една анализа и да се напоменат некои негови показатели и карактеристики. Наталитетот или раѓањето преставува основна компонента на природното движење на населението и се смета за основен показател на демографската динамика. Може да се дефинира како вкупен број на родени, односно вкупен број … Read entire article »
Filed under: На тема
Физичко-географски карактеристики на Охридско-струшка котлина

Охридско-струшката котлина го зафаќа крајниот југозападен дел на Република Македонија. Котлината е во склоп на Западно-македонската провинција. Исто така, оваа котлина во најголем дел е под водата на Охридското Езеро. Таа се граничи со повеќе планини кои претежно имаат варовнички состав. Имено, на исток се граничи со Илинска планина (Лиска, 1.909 m), Плакенска планина (Сталев Камен, 1.998 m), Петринска Планина (Гога 1.737 m) и Галичица (Вир, 2.288 m), на запад со Јабланица (Црн Камен, 2.257 … Read entire article »
Filed under: На тема
СИНГАПУР

Сингапур (1° 21′ 25.49″ N, 103° 49′ 10.18″ E) е град-држава кој се наоѓа во Југоисточна Азија, односно во најјужниот дел на Малајскиот Полуостров, помеѓу Малезија на север и Индонезија на југ. Оваа островска држава е распослана на 63 острови. Најголемиот и главен остров, со површина од околу 580 km2 север е одвоен од Малајскиот Полуостров со тесен (1.5 km) и долг канал Џохор, кој уште се вика и северен канал. Островот со копното е … Read entire article »
ПЕШТЕРИ НА ПЛАНИНАТА ГАЛИЧИЦА
Кога станува збор за планината Галичица неминовно е да се споменат процесите на карстификација. Тоа е така бидејќи тие процеси се најзаслужни за постанокот на пештерите на планината Галичица. Планината Галичица (Вир 2.288 m) со својата височина претставува доминантна релјефна појава (хорст) сместена помеѓу басенот на Охридското Езеро на запад и Преспанското на исток. Има издолжена форма со меридијански правец во должина од околу 50 km, додека нејзината најмала широчина (с. Трпејца – с. Лескоец) достигнува … Read entire article »
Filed under: Чудесна Македонија
МЕТЕОРИ

Земјата патува околу Сонцето. Кога таа ќе влезе во регион кој содржи прав од кометите, честичките удираат во горниот дел на атмосферата. Топлината и триењето предизвикуваат тие да горат и при тоа од површината тоа се забележува како светлечка трага, која ние ја викаме метеор. Метеорите се најмали темни и ладни небесни тела во сончевиот систем, кои за време на ведрите ноќи ненадејно се појавуваат во облик на светлечки точки и брзо прелетуваат од еден … Read entire article »
Filed under: На тема