Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Entries tagged with "водопад"

Мистериозниот „крвав“ водопад на Антарктикот

Мистериозниот „крвав“ водопад на Антарктикот

На Антарктикот, серија паралелни суви долини лежат помеѓу Росово Море и мразот на источниот дел на Антарктикот. Во сувите долини застапени на Антарктикот, има збир на езера покриени со мраз, од кои секое е хемиски различно од друго. Овие разлики ги предизвикале научниците да истражаат како се формирале езерата и како се менувале низ различни периоди од историјата на Земјата. Меѓу најинтересните и најзбунувачките карактеристики на езерата е токму „крвавиот“ водопад кој се наоѓа во … Read entire article »

Filed under: По Светот

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

Реката и водопадот Уча – таинствена природа во Порече

28.10.2019 Во областа Порече се наоѓа селото Девич, познато по Девините Кули и легендите за сестрите на Крале Марко, Дева и Пеша. Покрај богатото културно – историско наследство, атарот на селото Девич располага со повеќе природни вредности, како што се: изворот Асаноец, Девината пештера, пештерата Пешна и други. Исто така доста привлечна е бујната вегетација, особено во долината на реката Уча, каде се наоѓа и еден мал, но интересен водопад. Реката Уча е една од двете изворни … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

07.10.2018 Селото Слатина се наоѓа во недопреното и таинственото Порече. Слатина е наделеку позната по нејзините прекрасни пештери, особено по пештерата Слатински Извор – најдолгата пештера во Република Македонија. Исто така, селото Слатина е познато и по солениот извор, еден извонреден раритет кој ретко се среќава во нашата држава. Покрај овие природни реткости, не толку познат за Слатина е Слатинскиот Водопад. Водопадот се наоѓа јужно од маалото Марковци на Марковска Река, па оттаму може да се … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Корабски водопад

Корабски водопад

Корабскиот Водопад (уште познат и како Пројфелски водопад) се наоѓа во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Кепи Барт. Во зависност од сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат помеѓу 70 до 138 метри. Точната висина на водопадот може … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија